1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најавен нов голем штрајк во Германија- четврти во 2024

СН/агенции
5 февруари 2024

Синдикатот Верди го повика копнениот персонал на авиопревозникот Луфтханза на 27-часовен предупредувачки штрајк од среда, 7 февруари, 2024. Синдикатот бара значително зголемување на платите за 25 илјади вработени.

Луфтханза е германски национален авиопревозник, чие главно седиште е во Франкфурт на Мајна
Луфтханза е германски национален авиопревозник, чие главно седиште е во Франкфурт на МајнаФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Вработените во германскиот национален авиопревозник Луфтханза ќе штрајкуваат оваа среда, соопшти синдикатот на вработените во услужните дејности- Верди, во последниот од серијата штрајкови во германскиот транспортен сектор бидејќи работниците бараат повисоки плати.

Штрајкот треба да започне во среда во 4 часот и да трае до четврток во 7 часот и 10 минути, се вели во соопштението на синдикатот.

Ќе бидат погодени аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и во Дизелдорф.

Проценки: Погодени ќе бидат најмалку 100.000 

Портпаролот на Луфтханза рече дека е премногу рано да се каже колку летови ќе бидат откажани бидејќи авиокомпанијата го изготвува својот распоред на итни летови со преглед на 3.000 дневни летови на кои штрајкот би можел да влијае.

„Секако дека тоа ќе бидат многу“, рече портпаролот изразувајќи критика за должината и размерите на штрајкот. Според проценките погодени од него ќе бидат најмалку 100 илјади патници.

Граунд сервис е една од неколкуте подружници на Луфтханза кои во моментов преговараат за колективни договори.

Штрајк во Германија: Пусти аеродроми и сообраќаен метеж

01:32

This browser does not support the video element.

Во преговорите Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 работници или најмалку 500 евра месечно повеќе во период од 12 месеци, плус еднократна исплата од 3.000 евра за компензација на инфлацијата.

Четврти голем штрајк годинава

Синдикатот тврди дека повисоките трошоци за живот и големиот обем на работа поради недоволно пресонал се основа за повисоки плати. Копнениот персонал на Луфтханза стапи во штрајк во јули 2022 година за време на последниот круг на колективното договарање, предизвикувајќи големи прекини во патувањата.

Верди, еден од најголемите синдикати во Германија, минатата недела ги повика работниците во јавниот транспорт низ цела Германија на еднодневен штрајк а повеќе од 24 часа минатата недела штрајкуваше и безбедносниот персонал на единаесет германски аеродроми.

Германските машиновозачи, исто така, ја започнаа годината со најдолгиот железнички штрајк  во историјата на земјата досега по серијата „предупредувачки штрајкови“.

Штрајковите станаа позастапени во Германија во изминатата година бидејќи работниците гледаат дека нивните плати се погодени од инфлацијата и општиот пад на германската економија .
 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми