1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоКанада

Канадската полиција трага по двајца масовни убијци

БГ /АФП
5 септември 2022

Најмалку 10 луѓе се убиени, а 15 повредени во серија напади со нож во канадската провинција Саскачеван. Полицијата трага по двајца осомничени напаѓачи. Мотивот за нападите не е познат

Канада Саскачеван Убиство
Фотографии од три од жртвите на масовното убиствоФотографија: Darryl Dyck/empics/picture alliance

Канадската полиција досега пронајде безживотни тела на 10 убиени лица во провинцијата Саскачеван. Портпаролката на канадската полиција потврди дека уште 15 лица биле ранети и пренесени во болници. 
„Ова што се случи во нашата провинција е ужасно. Активно трагаме по двајца осомничени“, изјави портпаролката Ронда Блакмор. 
Осомничените напаѓачи се во бегство со возило и се идентификувани како Мајлс и Демјен Сандерсон, на возраст од 30 и 31 година. Во регионот каде што се извршени убиствата е прогласена вонредна состојба, а на жителите им се препорачува да останат во своите домови. 
Округот Џејмс Смит Кри Нација е домородна заедница со население од околу 3.400 луѓе кои претежно се занимаваат со земјоделство, лов и риболов. Селото Велдон, каде се случиле најголем дел од убиствата, има околу 200 жители.  
Премиерот Џастин Трудо ги нарече напади „ужасни и срцепарателни“ и ги повика жителите да ги следат препораките на надлежните институции.  
Полицијата верува дека „дел од жртвите биле целно нападнати од осомничените, додека останатите биле случајно нападнати“.  
„Многу е тешко во моментов да се зборува за мотивот“, изјави полициската портпаролка. 
Нападите со ножеви се случиле на 13 различни локации и се едни од најсмртоносните во модерната канадска историја. За разлика од соседните САД, во Канада случаи на масовни убиства не се чести, но земаат замав во последниот период.  
Последниве години Канада сведочеше на повеќе слични масовни убиства, откако атентатор облечен како полицаец уби 16 луѓе во Нова Скотиа, друг уби шестмина и рани петмина верници во црква во Квебек, додека третиот напад беше изведен со комби во Торонто при што на смрт беа прегазени 10 пешаци. 

Локалните жители се простуваат од жртвите на масакротФотографија: Darryl Dyck/empics/picture alliance
Портпаролката на полицијата Ронда БлекморФотографија: Michael Bell/The Canadian Press/AP Photo/picture alliance
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми