Хонгконг: Тага и истрага по смртоносниот пожар
27 ноември 2025
По големиот смртоносен пожар во станбен комплекс воХонг Конг,истражителите продолжуваат да ја бараат причината за неговото избувнување. Како што соопштија властите, полицијата уапси три лица од една градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност. Според извештаите на весникот Саут Чајна Морнинг Пост полициските службеници извршиле претрес и во канцелариите на компанијата.
Во најразорниот пожар вокинескиот специјален административен регионво последните децении, загинаа најмалку 44 лица. Спасувачките екипи сè уште трагаат по речиси 280 исчезнати лица. Во клиниките околу погодената област Таи По се лекуваат уште 45 лица. Меѓу загинатите е и 37-годишен пожарникар, кој бил пронајден онесвестен на местото на катастрофата и починал во болница.
Пожар од највисока категорија
Според медиумските извештаи, спасувачите извлекле повеќе преживеани од погодените згради. Над висококатниците на станбениот комплекс Ванг Фук Корт претпладнето (по локално време) сè уште се издигнуваа густи облаци чад, додека противпожарната служба продолжи со гаснењето, како што покажаа преносите во живо. Поради прекинот во сообраќајот, наставата беше откажана во 13 училишта.
Драматичните слики од пожарот од највисоката петта категорија го обиколија светот. Пожарот избувнал во средата од засега неутврдена причина и брзо се проширил на неколку висококатници обвиени со скелиња. Противпожарната служба извести за екстремни температури на горните катови и тешки услови за гаснење. Во меѓувреме, спасувачите го ставија пожарот под поголема контрола, но пријавија пламен во уште три станбени блока.
Фокус на безбедносните стандарди
Од странство пристигнаа првите изрази на сочувство до Хонгконг. Генералниот конзулат на Велика Британија изрази сочувство до погодените и спасувачките екипи. Хонг Конг беше британска колонија до 1997 година.
Дипломатските претставништва на Германија,ЕУИСАД,исто така, изразија сочувство онлајн. Кинескиот претседател и партиски лидер,Ши Џинпинг,уште претходниот ден изрази загриженост за пожарот и вети поддршка од Пекинг.
Властите особено ги проверуваат безбедносните стандарди на традиционалните бамбусови скелиња и заштитните мрежи прикачени на нив, со кои беа обвиени сите згради поради реновирање. Истражителите пронајдоа заѕидани и делумно блокирани прозорци со полистиренски плочи – лесно запалива пластика која често се користи како изолациски материјал – како и наводно неквалитетни градежни материјали. И двете можеби придонеле пожарот толку брзо да се прошири.
Спасувачките операции може да траат долго
Станбениот комплекс датира од 1980-тите и беше обвиен со скелиња за реновирање. Пламените јазици брзо се прошириле и поради ветерот и зафатиле седум од осумте згради, сите високи над 30 ката. Во комплексот има речиси 2.000 станови.
Поради големиот пожар, околу 900 луѓе мораа да побараат засолниште во јавните прифатилишта. Според извештаите, властите очекуваат спасувачките операции да траат подолго време.