1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БиХ: Најмалку единаесет мртви во пожар во дом за стари лица

ЖА / агенции
5 ноември 2025

Причините за пожарот сè уште се испитуваат. Жртвите биле особено тешко болни пациенти. Катастрофата ги отсликува условите кои се критикувани со години.

Пожар во дом за стари лица во Тузла, БиХ
Најмалку единаесет мртви во пожар во дом за стари лица во Тузла Фотографија: Ahmet Besic/Anadolu Agency/IMAGO

Најмалку единаесет жители загинаа во пожар во општинскиот Пензионерски дом во босанскиот град Тузла, како што објави босанскиот новински портал „klix.ba“, повикувајќи се на градоначалникот на градот, Зијад Лугавиќ. Триесет и пет други лица, според извештајот, се пренесени на лекување во болница, од кои тројца се во критична состојба.

На катот каде избувнал пожарот биле сместени пациенти кои биле неподвижни и на кои им била потребна негаФотографија: AP Photo/dpa/picture alliance

Пожарот избувнал на седмиот кат од деветкатната зграда во средата вечерта од причини кои сè уште не се јасни. Според извештаите, на катот биле сместени пациенти кои биле неподвижни и на кои им била потребна нега, некои со тешка деменција и рак. Меѓу повредените има и пожарникари, полицајци, болничари и персонал во домот за стари лица.

Домот за стари лица во Тузла е изграден во 1980-тите, за време на социјалистичка Југославија. Високата зграда, во архитектонски стил од тоа време, доминира во градскиот пејзаж на Тузла, поранешен индустриски центар во северна  Босна и Херцеговина.

Со години биле критикувани условите во домот за стари лица, кои се сметаат за неприфатливиФотографија: Ahmet Besic/Anadolu Agency/IMAGO

Сепак, жителите на домот и нивните роднини, како и некои политичари во Тузла, со години ги критикуваат условите во домот за стари лица, кои ги сметаат за неприфатливи. Меѓу покренатите прашања  се проблеми како што се влага, лоша храна и груб третман на жителите од страна на персоналот, како што објави „klix.ba“. Друга спорна точка  е фактот дека особено тешко болни пациенти се сместени на горните катови.

Според извештаите, градските власти не се осврнале на жалбите. На почетокот на годината, се вели дека раководството на домот за стари лица дури ги зголемило цените за сместување и нега до 30 проценти.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми