1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над илјада екстремисти во Германија имаат легално оружје

25 март 2023

Голем број екстремисти, како што се потенцијалните десничарски терористи, поседуваат пушка или пиштол сосема легално во Германија. Причината се формулациите во законот. Некои политичари бараат да се прецизираат.

пиштол
Најмалку илјада екстремисти во Германија имаат легално оружјеФотографија: picture-alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Црното сонце зазема централно место во студио за тетовирање. Тој симбол, омилен во неонацистичкото милје, се наоѓа на низа фотографии од тетоважи. Се гледа и на улиците, на демонстрации, како замена за свастиката, чие прикажување е забрането во Германија.

Симболот е сеприсутен и во ова студио, кај човек кој со години се занимава со оружје и учествува на натпревари во стрелаштво низ Европа. Роберт Н.* има дозвола за оружје и, како што тврди, ракување со експлозив. И покрај тоа што е вмрежен во неонацистичката сцена. 

„Изгледаме смешно“ 

Во деведесеттите, Н. бил член на неонацистичка група која била цел на истражителите. Во рациите беа пронајдени нацистички пропагандни материјали, оружје, па дури и противтенковски рачен топ Панцерфауст.

Кај Роберт Н., пронајдени се пушка, револвер, муниција и експлозив. Според „Репорт Мајнц“ , политичкиот магазин на јавниот сервис АРД, Роберт Н. бил на списокот на Службата за заштита на уставниот поредок како потенцијален десничарски терорист уште во 2012 година. 

Од надлежната служба која издава дозволи за носење оружје велат дека само го спроведуваат постоечкиот закон. „Нема сознанија“ кои би биле доволни за да му се одземе дозволата за носење пиштол на Роберт Н. 

„Како земја изгледаме смешно“, вели Марсел Емерих, член на Зелените во Бундестагот. „Овде нашите служби мора да ги добијат потребните алатки за да се стави крај на оваа практика“.

Истражувањето на новинарите во сите германски покраини открива дека околу илјада екстремисти низ целата земја имаат валидни дозволи за оружје, многу од нив имаат и повеќе парчиња. Експертите сметаат дека има уште повеќе легално вооружени екстремисти, бидејќи многу покраини немаат точни податоци. 

Се бара заострување на законот 

Штефан Крамер, шеф на Службата за заштита на уставниот поредок во покраината Тирингија, е многу загрижен. „Сведоци сме само дека во тоа милје расте подготвеноста за насилство, како и тенденцијата за употреба на легално оружје“.

Новинарите на јавниот сервис разговараа со повеќе функционери од институции кои се занимаваат со издавање дозволи за поседување оружје. „Постојано имаме случаи кога здравиот разум и интуицијата ни кажуваат дека треба да преземеме нешто“, вели шефот на една таква служба, кој побара да остане анонимен.

Сепак, дури и на докажаните екстремисти во Германија не е лесно да им се одземе правото да носат оружје. Понекогаш тајните служби не даваат информации, понекогаш тоа е од формални причини. Додека сторителите на злосторствата обично го губат правото на поседување оружје, оние што властите ги ставаат на листата на екстремисти честопати се поштедени затоа што не се осудени за одредено кривично дело. „Така ме влечат за нос екстремистите“, вели овој функционер.

Правните финеси се пречка за одземање оружје од екстремисти, вели министерот за внатрешни работи на покраината Хесен, Петер Бојт. Многу политичари бараат заострување на законот.

„Ние не сакаме да има повеќе смртни случаи, па дури потоа појасно да ги формулираме правните норми“, заклучува Штефан Крамер.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми