1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Налепници во Белград кои шират љубов

01:23

This browser does not support the video element.

11 март 2024

Писателот Никола Ѓорѓевиќ е во мисија на поправање на расположението на луѓето. Тоа го прави со лепење налепници низ Белград со цитати од неговата поезија кои имаат позитивни пораки, како „Пиши, ако ти паднам на памет“, или „Секогаш навивам за тебе“.

Писателот Никола Ѓорѓевиќ претвори делови од своите песни и приказни во мотивациски налепници. Со помош на бројни пораки сака да им го разубави денот на своите сограѓани.

„Мојата главна задача, мојата мисија, е во текот на еден ден да насмеам еден човек или да му дадам до знаење дека не е сам во она низ што поминува. Тогаш мислам дека тој ден сум направил доволно“, вели Никола Ѓорѓевиќ.

Тој бара инспирација во Белград, каде што и пораснал, но налепниците може да се видат и во други градови во Србија:

„’Често Белград е сè што ми треба за да се чувствувам добро’ е една од првите налепници. Создадена е пред две години, кога Белград беше навистина нешто што ми требаше за често да се чувствувам добро“.

Цитатите на Никола станаа препознатливи меѓу луѓето кои сега самите ги лепат и ги подаруваат на други.
 

Повеќе во видеото!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми