1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаВенецуела

Налог за апсење на опозицискиот лидер во Венецуела

СН/агенции
3 септември 2024

Претседателските избори на крајот на јули веќе се засенети обвинувањата за измама од стана на власта. Згора на тоа, сега судот издаде налог за апсење против лидерот на опозицијата Гонзалес.

Едмундо Гонзалес беше главниот опозициски кандидат на претседателските избори во Венецуела во јули
Едмундо Гонзалес беше главниот опозициски кандидат на претседателските избори во Венецуела во јулиФотографија: Matias Delacroix/AP Photo/picture alliance

По обвинувањата опозицијата за изборна кражба за време на претседателските избори во Венецуела, издадена е потерница против опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.

„Изгубија секаков контакт со реалноста“

Поранешниот дипломат е обвинет, меѓу другото, за злоупотреба на функцијата, поттикнување на непочитување на законот, заговор и саботажа, гласи одлуката на судот во Каракас одговорен за случаите на тероризам. Судијата на тој начин го одобри соодветното барање од провладиното јавно обвинителство.„Тие изгубија секаков контакт со реалноста“, напиша опозициската лидерка Марија Корина Мачадо на онлајн платформата Х.

Резултатите од изборите не се објавени

По изборите на 28 јули, изборната комисија лојална на власта за победник го прогласи авторитарниот шеф на државата Николас Мадуро, кој е на власт во земјата  од 2013 година. Меѓутоа, сè уште не ги објави деталните резултати од изборите. Комисијата соопшти дека хакерски напад во ноќта на изборите го спречил објавувањето на целосните резултати. Опозицијата ја обвинува власта за изборна измама и тврди дека победил нејзиниот кандидат Гонзалес.

Николас Мадуро, авторитарно владее во Венецуела од 2013 годинаФотографија: Fausto Torrealba/REUTERS

Таа на интернет објави сопствени резултати од преброувањето на гласовите, кои укажуваат на победа на Гонзалес. Според опозицијата, станува збор за околу 80 отсто од официјалните гласачки ливчиња што ги проверувале набљудувачите на изборите.

САД ја признаваат победата на Гонзалес

САД и неколку земји од Латинска Америка веќе ја признаа изборната победа на екс-дипломатот. И Европската унија и Организацијата на американските држави не ги признаваат официјалните изборни резултати. Реизборот на Мадуро во 2018 година не беше меѓународно признат од многу земји. Тогашниот претседател на парламентот, Хуан Гуаидо, се прогласи себеси за привремен претседател во 2019 година, но не можеше да се наметне во земјата - во прв ред затоа што војската стоеше зад Мадуро.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми