1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

ОПЕК+: Намалено производството на нафта ја фаворизира Русија

Кристи Пледсон
8 октомври 2022

ОПЕК + го намалува глобалното производство на нафта за да ги зголеми цените. Овој потег покажува дека Русија сè уште може да смета на картелот предводен од Саудиска Арабија за да го зајакне својот воен буџет.

ОПЕК+ сака да го намали производството на сурова нафта за 2 милиони барели дневно
ОПЕК+ сака да го намали производството на сурова нафта за 2 милиони барели дневноФотографија: Alexey Vitvitsky/SNA/IMAGO

На овонеделната средба на картелот ОПЕК и неговите сојузници, меѓу кои е и Русија, е заклучено да се намали комбинираното дневно производство на сурова нафта за 2 милиони барели дневно (бпд). Тоа е околу 2% од светското производство на нафта. ОПЕК + произведува околу 40% од суровата нафта во светот.

Тоа е најголема редукција од намалувањето направено во текот на пандемијата, во 2020 година, и доаѓа само два месеца пред планираното ембарго на ЕУ за руската нафта.

Тоа е исто така навреда за американскиот претседател Џо Бајден, кој летово беше во контроверзна посета на Саудиска Арабија, најголемата земја извозник на нафта во ОПЕК и де факто лидер на групата.

Сомнителни пазарни услови

Картелот вели дека е загрижен поради падот на цената на нафтата. Откако цената на суровата нафта од сортата „Брент“, по руската инвазија на Украина, во март се искачи на речиси 140 долари за барел, таа на ефективниот пазар во септември падна на речиси 80 долари за барел.

Целта на ОПЕК е да обезбеди стабилност на цените на нафтата и производството, како и да одржува стабилен приход за земјите-производители на нафта. Тоа не е лесен подвиг со оглед на тоа што ЕУ сака да престане да купува нафта од Русија, еден од нејзините клучни добавувачи. ОПЕК + вели дека неговата одлука се должи на несигурноста во глобалните економски изгледи и изгледите на пазарот на нафта.

Но, во соопштение до клиентите, главната економистка за суровини во консултантската компанија Капитал Економикс, Керолин Бејн, оценува дека наведувањето на пазарот како аргумент за намалувањето на понудата е прилично невообичаено.

„Глобалните резерви на нафта се историски ниски и високите цени досега не влијаеја значително на побарувачката“, констатира таа.

Поволната цена на суровата нафта сигурно одиграла улога во нивната одлука, оценува Бејн.

Уделот на ОПЕК во глобалното производство на нафта (во проценти)

Политички игри

Улога има и политиката. Пазарите на енергија станаа многу политизирани откако Русија ја нападна Украина на почетокот од годинава. Санкциите на САД и ЕУ за руската енергија беа една од главните стратегии на Западот за тенчење на воениот буџет на Москва. Русија е трет по големина производител на нафта во светот, зад САД и Саудиска Арабија, и, според Меѓународната агенција за енергија, главен светски извозник.

Земјите од Групата седум (Г7) и ЕУ планираат воведување горна граница на цената на руската нафта, потег кој има за цел да ги погоди руските енергетски приходи. Но, намалувањето на производството на нафта на глобално ниво, како што објави ОПЕК +, ќе ја зголеми цената на нафтата.

„Самото притискање на цените нагоре е потег за поддршка на руското производство на нафта и руската економија токму во време кога западните сили размислуваат за горна граница на цената на рускиот извоз на нафта“, вели за ДВ Керол Нејкл, директорка на консултантската компанија Кристол Енерџи.

Цената на суровата нафта од сортата „Брент“ по најавата на ОПЕК+ повторно се искачи на над 90 долари за барел. Бејл од Капитал Економикс оценува дека во овој момент институтот очекува суровата нафта од типот Брент да ја заврши годината со цена од 100 долари за барел. Некои аналитичари очекуваат зголемување.

Членките на ОПЕК (светло сино) и на ОПЕК+ (темно сино)

Не е онака како што изгледа

Но, експертите исто така велат дека намалувањето на производството е помалку драстично отколку што се чини на прв поглед. Неколку производители на нафта, вклучувајќи ги Ангола, Нигерија и Русија, не ги постигнаа производствените квоти утврдени во тековните договори. Производството на ОПЕК + во август не го достигна договореното ниво од околу 3,4 милиони барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Министерот за енергија на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман, рече дека вистинското намалување на снабдувањето ќе изнесува близу 1 милион барели дневно.

 - повеќе: Шолц во Саудиска Арабија - ѕвездени часови на автократите

Саудијците, ОАЕ (Обединетите Арапски Емирати) и Кувајт веројатно ќе го понесат најголемиот дел од товарот на кратењата“, изјави за Ројтерс Тилак Доши, директор на Доши Консалтинг.

„Тоа е шлаканица за администрацијата на Бајден од ОПЕК +“, оценува тој.

Како одговор на тоа, САД најавија дека во ноември ќе пуштат дополнителни 10 милиони барели од своите стратешки резерви за да се борат против високите цени. Најавата на ОПЕК + доаѓа во критично време за претседателот Бајден, бидејќи неговата Демократска партија се надева дека ќе ја задржи контролата врз Конгресот по изборите во ноември. Тоа е муниција и за оние кои лобираат САД да вадат повеќе нафта дома.

Американскиот претседател Бајден беше во посета на Саудиска Арабија на средината од јули (на фотографијата со принцот Мухамад бин Зајид)Фотографија: Evan Vucci/AP/dpa/picture alliance

Победници и губитници

И земјите во забрзан подем ќе имаат тешкотии да реагираат на пазарниот шок. Претседателот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, рече дека неговата земја, која моментално се соочува со најтешката економска криза од осамостојувањето во 1948 година, ќе мора да плати уште повеќе за нафтата бидејќи побогатите земји ги чуваат сопствените резерви.

„Ова не е проблем со кој се соочуваме само ние, туку и неколку други јужноазиски земји“, рече тој пред парламентот во четвртокот (6.10). „Глобалната инфлација ќе нѐ погоди сите следната година.“

- повеќе: Зошто на Европејците им е толку тешко да забранат увоз на руска нафта?

Саудиска Арабија и другите земји од Заливот вклучени во ОПЕК + реагираа воздржано на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Со намалувањето на производството сега се оди чекор понатаму, оцени Ендрју С. Вајс, експерт за Русија и потпретседател за студии во фондацијата Карнеги.

„Сѐ на сѐ“, вели тој, „тие (овие земји) се ставика ефективно на страната на Кремљ, што на режимот на Путин му овозможи повторно да ги наполни своите каси и да го ограничи дејството од санкциите на САД и ЕУ.“

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми