1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСомалија

Напад на плажа во Сомалија - голем број загинати

ЕМФ | агенции
3 август 2024

Тежок напад од страна на милицијата Ал Шабаб во Сомалија - напаѓачите упаднаа во хотел во главниот град Могадишу и пукаа врз посетители на плажата.

Сомалија терористички напад Могадишу
Луѓе носат тело на неидентификувана жена која загинала во нападот на плажата ЛидоФотографија: Feisal Omar/REUTERS

Најмалку 32 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад и напад на вооружени лица на популарна плажа во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти полицијата. 63 лица се повредени, од кои некои потешко, изјави денеска (3.08) портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан. Според полициските наводи, бомбаш самоубиец прво се разнел вчеравечер пред вооружени лица да упаднат на плажата Лидо. Сите пет напаѓачи, како што се вели, се убиени. Според полицијата, тие припаѓале на исламистичката милиција Ал-Шабаб, која има извршено бројни бомбашки напади во Сомалија.

Очевидци велат дека во моментот на експлозијата имало многу луѓе на плажата Лидо. Во областа околу плажата има луксузни хотели и ресторани и тоа место е популарно меѓу деловните луѓе и владините службеници.

Очевидци велат дека во моментот на експлозијата имало многу луѓе на плажата ЛидоФотографија: Feisal Omar/REUTERS

Милицијата Ал-Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, од 2007 година се бори против сомалиската влада, која е поддржана од меѓународната заедница. Откако во текот на изминатите години беше потисната, терористичката милиција сега се обидува да го врати теренот во Могадишу. Постојано има напади врз владини институции и врз хотели или ресторани каде, од гледна точка на исламистите, владее западен начин на живот. Во јули, единаесет лица загинаа во терористички напад на кафеана за време на финалето на Европското фудбалско првенство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми