1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад во Саутпорт: 17-годишник обвинет за тројно убиство

СН/агенции
1 август 2024

Расположението во Велика Британија и натаму да се вжештува: По нападот со нож во Саутпорт во кој беа убиени три деца, властите покренаа обвинение против осомничениот. Продолжуваат и безредијата на екстремните десничари.

Екстермните десничари речиси секојдневно предизвикуваат безредија на протестите во бројни британски градови поради смртоносниот напад во Саутпорт
Екстермните десничари речиси секојдневно предизвикуваат безредија на протестите во бројни британски градови поради смртоносниот напад во СаутпортФотографија: Getty Images

Британскиот премиер Кир Стармер денеска (1.08) ги повика шефовите на полицијата на итен состанок по безредијата кои се случија по нападот со нож во кој беа убиени три девојчиња во Саутпорт во северозападна Англија. Нападот врз децата ја шокираше земјата во која насилството со употреба на нож е долгогодишен проблем. Трагедијата ја искористија припадниците на екстремната десница за да предизвикаат гнев против мигрантите и муслиманите, иако осомничениот не е мигрант и неговата религија не е откриена.

Покренато обвинение за осомничениот напаѓач

17-годишниот осомничен се соочува со три обвиненија за убиство и 10 обвиненија за обид на убиство.

Осомничениот не е именуван бидејќи е помлад од 18 години, но полицијата вели дека е роден во Велика Британија. Тој не е обвинет за тероризам, но се соочува со три точки од обвинението за убиство на девојчињата Алис Дасилва Агиар (9), Елси Дот Стенком (7) и Бебе Кинг (6) во приморскиот град Саутпорт.

Британскиот премиер Кир Стармер го посети Саутпорт и положи цвеќе во близина на местото на злосторствотоФотографија: James Speakman/PA Wire/dpa/picture alliance

Во нападот се ранети и две возрасни лица, како и уште осум деца. Неколку ранети сѐ уште се во критична состојба.

Продолжуваат насилните протести на ектремните десничари

Демонстрантите од крајната десница, делумно поттикнати од дезинформациите на интернет, одржаа неколку насилни протести како одговор на нападот - тие се судрија со полицијата пред џамијата во Саутпорт во вторникот, а наредниот ден предизвикаа конфликт во близина на канцеларијата на премиерот во Лондон.

Во вторникот вечерта, толпа од неколку стотици луѓе ја нападна полицијата во Саутпорт со тули и шишиња, запалија канти за отпад и возила и ограбија продавница, неколку часа по мирното бдеење за жртвите.

Стотици демонстранти извикувајќи „ја сакаме нашата земја назад“ ја нападнаа полицијата со лименки и со шишиња со пиво пред резиденцијата на премиерот Даунинг стрит во Лондон во средата вечерта и испукаа факели кон блиската статуа на Винстон Черчил. Повеќе од 100 луѓе се уапсени за кривични прекршоци, вклучувајќи и насилни нереди и напад врз вработен во брзата помош, соопшти лондонската полиција.

Покрај насилните протести имаше и мирни маршеви во спомен на жртвите на масакрот во СаутпортФотографија: James Speakman/PA Wire/dpa/picture alliance

Полицајците, пак, беа гаѓани со шишиња и јајца во североисточниот англиски град Хартлпул, каде што беше запалено полициско возило, додека десноекстремните групи се обидуваа да предизвикаат гнев поради нападот поврзувајќи го со имигранти. Помал протест беше пријавен во Манчестер.

Бројот на нападите со нож предизвикува загриженост

Во соопштението од канцеларијата на Стармер се наведува дека премиерот ќе им каже на полициските началници дека „иако правото на мирен протест мора да биде заштитено по секоја цена, мора да биде јасно дека криминалците кои го користат тоа право да сеат омраза и да вршат насилни дела, ќе се соочат со целосната сила на законот“.

Додека ножевите се користат во околу 40 отсто од убиствата секоја година, масовните напади со нож, каков што беше оној во Саутпорт, се невообичаени. Но, неодамнешниот пораст на криминалот со ножеви поттикна загриженост и доведе до повици до владата да стори повеќе за да се сузбијат острите оружја, кои најчесто се користат за убиства во Велика Британија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми