1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз синагога во Манчестер

ЕМФ / дпа
2 октомври 2025

Во напад врз синангога во Манчестер денеска се повредени повеќе луѓе.

Полицајци и спасувачи на местото каде што се случи напад во синагога во Манчестер
Полиција и спасувачки служби на местото на нападотФотографија: Phil Noble/REUTERS

Неколку лица се повредени во напад врз синагога во Манчестер. Полицијата во британскиот град соопшти дека, според извештаите на очевидци, автомобил удрил во група луѓе, а еден маж бил избоден со нож. Според досегашните сознанија, во нападот се повредени четири лица. Состојбата на жртвите засега не е позната.

Полицајците успеале да го сопрат осомничениот напаѓач пукајќи во него, соопшти полицијата. Градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам, за Би-Би-Си оцени дека станува збор за сериозен инцидент. Сепак, се чини дека непосредната опасност е избегната откако полицијата реагирала многу брзо. Градоначалникот Барнам за радио Би-Би-Си додаде и дека се верува оти напаѓачот починал, но тоа сè уште не е потврдено. Инцидентот во Манчестер се случи на најголемиот еврејски празник, Јом Кипур.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми