1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалФранција

Франција: левичарски екстремисти зад железничката саботажа?

СН/агенции
29 јули 2024

По подметнувањето на пожари на француската железничка мрежа, владата во Париз се сомнева дека зад тоа стојат левичарски екстремисти. Оштетени оптички кабли сега внесуваат нов немир. Дали постои врска меѓу двете нешта?

Сообраќајот на брзите возови во Франција беше во прекин за време на викендот
Сообраќајот на брзите возови во Франција беше во прекин за време на викендотФотографија: Anthony Behar/Sipa USA/picture alliance

Едно лице е уапсено за саботажа на брзата железница во Франција на денот на отворањето на Олимпијадата. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, изјави дека постои сомневање дека екстремни левичари стојат зад нападот на железничката инфраструктура.

Дарманен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека во неделата во Сен Маритим е уапсен ултралевичарски активист, под сомнение дека извршил саботажа на железницата.

Уапсеното лице во моментот на апсењето се наоѓало на железницата, а наводно ги имал клучевите од техничките простории на СНЦФ, алати и левичарска литература, пренесе АФП повикувајќи се на полициски извори.

Цел викенд во прекин железничкиот сообраќај

Министерот за внатрешни работи рече дека методите кои ги користеле саботерите носат белези на екстремни левичари и дека досега се идентификувани профили на неколку лица.

Припадници на француската железница СНЦФ деноноќно работеа на санирање на штетите од саботажатаФотографија: Denis Charlet/AFP

Француските ултра брзи ТГВ возови од денска продолжија со редовниот сообраќај, откако сообраќајот беше во прекин целиот викенд откако саботери ги запалија оптичките кабли на брзата железница.

Дарманен рече дека 50 дронови, 250 железнички агенти и 1.000 работници се испратени на железницата за да се зајакне безбедноста на 28.000 километри долгата брза железничка мрежа.

Тој потврди и дека се уапсени 45 членови на еколошката организација „Extinction Rebellion“.

Очигледна е „саботажа“ на оптички кабли

Полициски извори сега рекоа и дека непознати лица оштетиле оптички кабли на неколку француски интернет провајдери за време на ноќни „акти на саботажа“.

Оптичките мрежи на интернет оператори беа „саботирани“ во шест департмани на ФранцијаФотографија: Alfred Hofer/Zoonar/picture alliance

Засегнати се провајдерите Free и SFR. Штетата погодува шест департмани во југозападниот, источниот и во северниот дел на земјата - но, не и во главниот град Париз, каде што во моментов се одржуваат Олимписките игри. Не е јасно дали постои врска со нападите на железничката мрежа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми