1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Нападот во Дуизбург бил со намера и цел

Надин Мена Михолек
19 април 2023

По нападот во фитнес студио во Дуизбург, во кој се тешко повредени повеќе лица, полицијата објави опис на осомничениот напаѓач.

Во фитнес студиото немало камери за надзор
Во фитнес студиото немало камери за надзорФотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

По нападот во фитнес студио во центарот на Дуизбург, полицијата објави опис на осомничениот сторител. Се вели дека напаѓачот е на возраст од околу 30 години, висок 1,80 метри и со просечна градба. Имал долга црна брада, бил облечен во темна облека и носел црна капа. Наводниот сторител сѐ уште е во бегство.

Една жртва сѐ уште е во животна опасност

Според полицијата, во нападот извршен со сечило тешко се повредени четворица Германци на возраст од 21 до 32 години. Според портпаролката на јавното обвинителство, на три лица им била извршена итна операција. Од полициски извори се вели дека едно од четворицата нападнати лица сѐ уште е во животна опасност. Од извори на истрагата се тврди дека неговата состојба е многу лоша. Засега ниту една од жртвите не е во сосотојба да биде сослушана, велат од Обвинителството.

Влезот во фитнес студиото е запечатенФотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Полицијата смета дека нападот најверојатно бил со намера и цел. „Во моментов не претпоставуваме дека станува збор за напад од бес со случајни жртви“, изјави министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл. Една жртва била целно нападната, а другите мажи биле повредени повеќе случајно во обид за бегство, пишува магазинот „Шпигел“. Информации за позадината на злосторството засега нема.

Потрагата по сторителот е во полн ек. Полицијата на интернет активираше информативен портал каде што сведоците можат да поставуваат видеа, фотографии или пишани информации.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми