1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп

ЕМФ / дпа
28 април 2026

Напаѓачот кој пукаше на гала-вечера со претседателот Трамп во Вашингтон е обвинет за обид за убиство. Доколку биде осуден, 31-годишникот се соочува со доживотна казна затвор.

САД Вашингтон 2026 | Придружба го изнесува претседателот Доналд Трамп надвор од салата по пукањето
Придружба го изнесува претседателот Доналд Трамп надвор од салата по пукањето во ВашингтонФотографија: Bo Erickson/REUTERS

По истрелите на гала-вечера со Доналд Трамп во Вашингтон, осомничениот е обвинет за обид за убиство на американскиот претседател. Ова го соопшти вршителот на должноста министер за правда Тод Бланш во Вашингтон, откако осомничениот беше изведен пред судија. Според Бланш, дополнително се вклучени уште две обвиненија: користење огнено оружје при извршување насилно кривично дело, како и транспорт на огнено оружје преку граници на сојузни држави со цел извршување кривично дело.

Како што изјави Бланш, само за обидот за убиство на претседателот, на обвинетиот му се заканува доживотна затворска казна. Можно е во текот на истрагата да бидат додадени и други обвиненија.

Обвинетиот во саботата (по локално време), за време на гала-вечера со претставници на медиумите во престолнината, тешко вооружен упаднал низ безбедносен пункт на Тајната служба, пред да биде запрен од службениците. Еден безбедносен службеник бил погоден од најмалку еден куршум, но поради заштитниот елек не се здобил со потешки повреди.

Објавено името на напаѓачот

Бланш на прес-конференцијата го потврди и идентитетот на осомничениот. Станува збор за Кол Томас Ален од Калифорнија. Според медиумските извештаи, тој има 31 година. Бланш изјави дека Ален планирал убиства на членови на владата. Повеќе медиуми претходно цитираа документ според кој тој за време на нападот сакал да земе како цел владини претставници, „приоризирани од највисокиот до најнискиот ранг“.

Како што соопшти окружната обвинителка Жанин Пиро, осомничениот на 21 април патувал со воз од својот дом во близина на Лос Анџелес преку Чикаго до Вашингтон. Во престолнината, според неа, тој резервирал соба во хотелот „Хилтон“, каде што се одржувала вечерата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми