1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку се (не)безбедни македонските мостови?

ДТЗ
14 јули 2023

По увидот на терен, од ЦУК укажуваат дека десетина мостови се во лоша состоба и претставуваат опасност за граѓаните. Општините немаат доволно средства за да ги санираат

Мост Око
Стаклата низ кои се поминува на пешачкиот мост „Око“ во центарот на Скопје се испукани, но надлежните тврдат дека мостот е стабилен. Фотографија: Unbekannt

Стаклата низ кои се поминува на пешачкиот мост „Око“ во центарот на Скопје се испукани, но надлежните тврдат дека мостот е стабилен. Загрижувачка е состојбата и со уште десетина мостови во земјата, каде што Центарот за управување со кризи (ЦУК) извршил проверки  изминатиот период на терен, при што е утврдено дека дел од нив се ризични и небезбедни за граѓаните. Општините се пожалиле дека немаат средства за санирање на дел од мостовите, со оглед на проценките дека се потребни над 300 илјади евра за санација. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска упати апел до надлежните институции да помогнат да се санираат оштетените мостови, а граѓаните да пријавуваат секаде каде што ќе забележат некој проблем.  

„Не газете по пукнатините“ 

Иако надлежните тврдат дека мостот „Око“ е стабилен, сепак надлежните предупредуваат да не се гази по пукнатините коишто се појавиле на стаклото поставено на мостот. Ангелов, вели дека е алармиран Град Скопје, коишто тврделе дека стаклата по што поминуваат граѓаните се безбедни.

„Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините, иако од Градот укажуваат дека нема да се скршат“, рече Ангелов. 

Небезбедни се уште десетина други мостови низ државата, вели Ангелов, но  и општините немаат толку средства за да ги санираат.Фотографија: Unbekannt

Кои мостови се ризични? 

Небезбедни се уште десетина други мостови низ државата, вели Ангелов, но  и општините немаат толку средства за да ги санираат.

„На еден од столбовите на мостот кај село Ларци, има вертикална пукнатина која се одразува на стабилноста на мостот. Преку овој мост минуваат голем број граѓани кои низ него одат да ги работат своите земјоделски површини“, вели Ангелов. 

Ризичен е и мостот на реката Пчиња, кај селото Пчиња, кој се наоѓа во исклучително лоша состојбаФотографија: Unbekannt

Ризичен е и мостот на реката Пчиња, кај селото Пчиња, кој се наоѓа во исклучително лоша состојба. „Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по нашиот апел веднаш интервенираше. Се направи стручно мислење кое вели дека мора да се санира или да се сруши и изгради нов, а овој треба да се забрани за користење на возила. Исто така, опасен е мостот кај Визбегово“, рече Ангелов.

Алармантна е состојбата и на мостот во близина на село Секирник кај реката Струмица. „Столбот целосно е паднат во вода, еден столб нема“, велат од ЦУК. 

Извршена била и посета на три моста кај Крива Река. „Има еден импровизиран мост тоа се диви мостови не се изработени со градежна дозвола граѓаните сами ги правеле и сите три се небезбедни“, вели Ангелов.

Тој апелираше до граѓаните ако констатираат какво било оштетување на мостовите да го пријават на бројот 112. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми