Италијанските медиуми јавуваат дека банди од млади луѓе се собрале во центарот на градот ограбувале продавници и оштетувале друг имот. Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека биле приведени повеќе од 200 лица, главно малолетници. Насилствата започнаа во саботата за време на главно мирен протест против високите трошоци за живот. Полицијата пријави судири и во неколку други градови, меѓу кои Болоња и Торино. Крајнодесничарската премиерка Џорџа Мелони ги осуди учесниците во немирите, нарекувајќи ги „насилници“. Таа напиша на Икс: „Право е да се протестира. Но, не и да се пустошат нашите градови.“ Мелони свика состанок за в понеделник на кој ќе се разговара за насилствата. Италија е една од неколкуте европски земји кои се соочуваат со немири меѓу младите, а насилни протести избувнаа и во Албанија и Франција.
