1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Судење за „Пулс“ - 15 обвинители ќе го водат случајот

11 ноември 2025

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнува наскоро. Вклучени се 15 обвинители, а семејствата на жртвите најавуваат протест.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција во Скопје, 13 јуни 2025 година
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека предметот ќе го застапуваат околу 15 обвинителиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Обвинителството со засилени капацитети – 15 обвинители ќе го водат случајот

Следната недела започнува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека предметот ќе го застапуваат околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивната координација.

Во јуни беше поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица, кои се гонат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници во Македонија.

Истражна постапка против полицајци и службеници од УЈП

Покрај главниот предмет, се води и истрага против 13 полицајци поврзани со случајот. Таа се одвива побавно, бидејќи ја води само еден обвинител. Иако беше предвидено да заврши до крајот на септември, поради објективни околности и одложено сослушување на сведоци, се очекува јавнообвинителска одлука на почетокот на наредниот месец.

Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка за службеници од Управата за јавни приходи. Надлежниот обвинител дал напатствија и наредби за преземање процесни дејствија од страна на релевантните органи.

Родителите најавија протест на 15 ноември во Скопје.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Марш на ангелите“ – протест на семејствата на жртвите во Скопје

Родителите на жртвите најавија нов протестен марш под наслов „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи во Скопје на 15 ноември (сабота). Маршот ќе започне во 12.05 часот на плоштадот „Македонија“, а ќе продолжи пред Собранието и Основниот кривичен суд Скопје.

„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, бараме правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка“, порачаа родителите преку видеопорака.

Трагедија што ја потресе Македонија – 62 загинати, 200 повредени

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март во раните утрински часови. Во трагедијата загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Случајот предизвика силни реакции во јавноста и барања за одговорност од институциите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми