1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

НАТО „не гледа непосредна закана“ во вежбата „Запад 2025“

ЕМФ / афп
12 септември 2025

Тековната заедничка воена вежба на Русија и Белорусија не претставува „непосредна воена закана“ за сојузниците на НАТО, оценува Алијансата.

Знамиња пред седиштето на НАТО во Брисел
НАТО „не гледа непосредна закана“ во воените маневри на Русија и БелорусијаФотографија: Janine Schmitz/AA/photothek.de/picture alliance

НАТО смета дека воените маневри на Русија и Белорусија кои се во тек не претставуваат „непосредна воена закана“ за сојузниците на Алијансата. Сепак, воениот сојуз ги следи руските воени активности „многу внимателно“, изјави денеска (12.09) за агенцијата АФП неименувана претставничка на НАТО. Кремљ постојано покажува „недостаток на транспарентност“ во однос на големината и обемот на своите маневри, додаде таа.

Русија и Белорусија ја започнаа својата голема воена вежба „Запад 2025“ на источното крило на НАТО изутринава. Според белоруски извори, поголемиот дел од вежбите ќе се одржат до вторник источно од белоруската престолнина Минск - околу 100 километри од границата со Литванија, членка на ЕУ и НАТО.

Маневрите, кои започнаа два дена откако бројни руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, предизвикаа голема загриженост, особено кај источните земји-членки на НАТО.

„Ги повикуваме Русија и Белорусија да дејствуваат предвидливо и транспарентно во согласност со нивните меѓународни обврски“, изјави претставничката на НАТО, додавајќи дека е познато оти Русија ги користи воените вежби како политичка закана.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми