1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

НАТО: Oфанзивата на Украина во Курск e легитимна

ЖА
31 август 2024

Украина тврди дека контролира повеќе од 1.000 квадратни километри површина во руската област Курск. НАТО немаше никаква улога во офанзивата на Киев, изјави генералниот секретар Столтенберг.

Офанзива на Украина во Курск, Русија
Уништена колона на руски воени возила во офанзивата на Украина во Курск, РусијаФотографија: Anatoliy Zhdanov/dpa/Kommersant Publishing House/AP/picture alliance

НАТО, како што тврди генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, не бил информиран за планираните  напади на Украина врз рускиот регион Курск.  „Украина не се консултираше однапред со НАТО за своите планови за офанзивата во Курск, Алијансата тука не играше никаква улога“, изјави Јенс Столтенберг за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Во рамките на одбранбената борба против руската инвазија, Украина во последно време масивно ги засили нападите врз руски региони, со цел да го спречи и уништи военото снабдување на противникот. Во регионот Курск на почетокот на август вмарширале 10.000 војници, кои  освоиле редица населби  и според наводите на военото раководство во Киев,  под своја контрола имаат повеќе од 1.000 километри површина.

Москва ги обвини државите членки на НАТО дека ја поддржале Украина при навлегувањето во Русија – не само преку испорака на оружје и муниција, туку првенствено со ставање на располагање на потребни информации.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,  украинските напади во Курск  ги смета за целосно легитимни. Украина има право да се брани: „а согласно меѓународното право, ова право на самоодбрана не завршува на границата. Русија повеќе од 900 дена води неоснована  агресорска војна против Украина,  и во нејзини рамки изведе бројни напади врз Украина преку границата токму од регионот Курск. Руските војници, тенкови и бази се легитимни цели според меѓународното право“, изјави Столтенберг.

Русија ја оправдува својата војна против Украина меѓу другото со стремежот на Киев за приклучување кон НАТО. Москва сака тоа да го спречи.

Киев јасно стави на знаење дека со воената операција во Курск стреми кон  создавање тампон-зона  со цел да ја спречи Русија во извршувањето на натамошни напади преку границата, истакна Столтенберг. Тој признава дека офанзивата во Курск крие во себе и ризици, исто како и сите други воени операции: „Но, право на Украина е да одлучи на каков начин ќе се брани“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми