1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руте: Над 600.000 загинати и ранети руски војници во Украина

БГ /РТР
28 октомври 2024

Над 600 илјади руски војници загинаа или се ранети во агресијата врз Украина, тврди генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој го осуди распоредувањето на севернокорејски трупи во регионот на Курск.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
Руте оцени дека распоредувањето на војници од Северна Кореја претставува „значителна ескалација“ Фотографија: François WALSCHAERTS/AFP

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во понеделникот потврди дека севернокорејските трупи кои беа испратени во Русија се стационирани во регионот на Курск.

„Продлабочената воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја е закана за Индо-Пацифичката и за Евро-Атлантската безбедност“, изјави Руте откако претставници на НАТО добија брифинг од делегација од Јужна Кореја. 

Украинските трупи упаднаа во регионот Курск во август годинава, и се уште ја држат под контрола таа територија. 

Oпасно проширување“ на војната 

Руте оцени дека распоредувањето на војници од Северна Кореја претставува „значителна ескалација“ на инволвираноста на Пјонгјанг во „илегалната руска војна“ во Украина, прекршувањето на резолуциите на ОН и „опасно проширување“ на војната. Генералниот секретар на НАТО смета дека распоредувањето на севернокорејски трупи е сигнал за „растечкиот очај“ на рускиот претседател Владимир Путин. 

„Над 600.000 руски војници загинаа или се ранети во путиновата војна и тој не е во состојба да ја одржи агресијата врз Украина без странска поддршка“, изјави Руте.

Кремљ ги отфрли извештаите за севернокорејските трупи како „лажни вести“. Но, Путин во четвртокот не негираше дека севернокорејски трупи се во Русија и дека е работа на Москва како ќе го имплементира партнерството со Пјонгјанг. 

Претставник на Северна Кореја во ОН ги нарече извештаите „неосновани гласини“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми