1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Навални потврди дека е во затвор во поларниот регион

СН/агенции
26 декември 2023

Цели 20 дена немаше ни трага ниту глас од затворениот противник на Кремљ. По неговиот тим, сега и самиот Навални објави дека е однесен во казнениот логор ИК-3 во Харп. Условите, таму се „брутални“.

Критичарот на Кремљ Навални е преместен во затворски логор на далечниот север на Русија (архивска фотографија)
Критичарот на Кремљ Навални е преместен во затворски логор на далечниот север на Русија (архивска фотографија)Фотографија: NATALIA KOLESNIKOVA/AFP

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, за кој соработниците утврдија дека е префрлен во затвор на Арктикот, денеска на социјалните мрежи објави дека е „добро“.
Патувањето до новиот затвор траеше 20 дена и беше „прилично заморно“, напиша Навални на платформата X.
„Во секој случај, не грижете се за мене. Добро сум. Ми олесна што конечно пристигнав“, додаде тој.
Објавата на платформа X која жестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин ја објави преку неговите адвокати доаѓа откако неговите сојузници загубија контакт со него повеќе од две недели додека тој беше во транзит, без информации каде е одведен. Ова, исто така, предизвика загриженост кај западните политичари.

Навални постојано ги користеше судски процеси против него за да го критикува претседателот ПутинФотографија: Natalia Kolesnikova/AFP


Неговата портпаролка во понеделникот рече дека успеала да дознае дека Навални е испратен во затворската колонија ИК-3 северно од Арктичкиот круг која се наоѓа во Харп во регионот Јамал-Ненец, околу 1.900 километри североисточно од Москва. 

Новиот дом на Навални, познат како колонијата „Поларен волк“ се смета за еден од најсуровите затвори во Русија. Повеќето од затворениците таму се осудени за тешки кривични дела. Зимите се сурови, а температурите ќе се спуштат до околу минус 28 Целзиусови степени во текот на наредната недела.
Во август, Навални беше осуден на 19 години затвор, откако беше прогласен за виновен, меѓу другото, за создавање екстремистичка заедница и финансирање екстремистички активности.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми