1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Назначен специјален иследник против Хантер Бајден

ЕМФ | агенции
12 август 2023

Синот на американскиот претседател Бајден извесно време е под истрага, меѓу другото и за можни даночни прекршоци. Во рамките на тековните истраги сега е назначен специјален иследник.

САД | Хантер Бајден
Хантер БајденФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Министерство за правда на САД го прави следниот чекор во случајот на Хантер Бајден и назначува специјален иследник во истрагите против синот на американскиот претседател. Задачата му е доделена на досегашниот главен обвинител Дејвид Вајс. Тој досега се занимаваше со финансиите и бизнисот на Хантер Бајден.

Обвинителот побара улога на специјален советник

Јавниот обвинител Мерик Гарланд рече дека Вајс му кажал оти „верува дека истрагата достигнала фаза кога тој треба да ја продолжи својата работа како специјален советник“. Со овој статус Вајс добива дополнителни овластувања.

Хантер Бајден веќе неколку години е соочен со правни проблеми. Меѓу другото, тој е обвинет и за даночна измама и недозволено поседување оружје. На крајот на јули тој на суд изненадувачки се изјасни за невин. Претходно пропадна договорот меѓу него и федералното обвинителство во врска со обвиненијата. Судијката ја доведе во прашање содржината на договорот, а политичките противници сметаа дека договорот бил превеликодушен за Хантер Бајден.

Федералните истраги за синот на актуелниот американски претседател се корисни за опозициските републиканци во предизборната кампања. Тие сега не се задоволни со назначувањето на Вајс за специјален иследник, затоа што тој и претходно ги водел истрагите.

Синот на Бајден со години е цел на политички напади од редовите на Републиканците, пред сѐ од поранешниот претседател Доналд Трамп. Тој го обвини Хантер Бајден за корупција во врска со зделки со Украина и Кина. Во Конгресот, Републиканците веќе извесно време туркаат истраги против Хантер Бајден и сега велат дека назначувањето на специјалниот иследник нема да промени ништо во тие истраги.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми