1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неколку илјади компании ќе платат кризен данок

ДТЗ
28 декември 2022

Освен банките и трговски друштва, со кризниот данок од 30 отсто ќе бидат опфатени и поголеми компании кои оствариле профит од над 10 милиони евра, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Фатмир Битиќи
Освен банките и трговски друштва, со кризниот данок од 30 отсто ќе бидат опфатени и поголеми компании кои оствариле профит од над 10 милиони евра, вели вицепремиерот Фатмир БитиќиФотографија: Furkan Abdula/AA/picture alliance

Неколку илјади компании еднократно ќе треба да платат данок за екстра добивка за 2022 година. Освен банките и трговски друштва, со кризниот данок од 30 отсто ќе  бидат опфатени и поголеми компании кои оствариле профит од над 10 милиони евра. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, симулациите кај некои големи компании покажале дека овој данок нема многу да влијае на нивното работење и профит.

Станува збор за еднократен данок кој се однесува само за профитот кој е остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек. Владата очекува со новиот закон за екстра добивка да наплати дополнителни 90 милиони евра за државната каса.

„Ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра – разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка. Може да претпоставиме дека станува збор за неколку илјади компании“, вели Битиќи.

Со овој данок ќе бидат опфатени банки, компании кои тргуваат со нафтени деривати, трговци на мало, како и компании од енергетскиот сектор и други компании. Собраните пари од овој данок ќе се користат за справување со кризата, а дел од тие средства можно е да се искористат за поддршка на големите компании за излез од кризата.

Државна помош за компаниите

Битиќи на денешната (8.12) прес-конференција информираше дека годинава има рекордна исплата од вкупно 23 милиони евра, како и рекорден број на компании кои добиле државна помош – 410 по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

„Во 2017 имавме 3,2 милиони евра исплатено, годинава ја завршуваме на 23 милини евра исплатена државна помош. Годинава имаме зголемување од 79 проценти на исплатена финансиска поддршка, или во споредба во 2021 се 12,9 милиони евра, а оваа година 23 милиони евра. Годинава пристигнаа вкупно 436 барања за исплати од компании кои ги исполнуваат условите. Од нив 410 ги исполнија условите и им е одобрена финансиска поддршка за инвестиции согласно Законот“, рече Битиќи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми