1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Ненадејни поплави во Тексас со многу жртви

ЕМФ | Тагесшау
5 јули 2025

Најмалку 24 лица загинаа во ненадејни поплави во централен Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава.

Дрвја се издигаат од водата на реката Гвадалупе, во Тексас, која порасна 8 метри за само 45 минути
Во поплавите загинаа најмалку 24 лицаФотографија: Eric Vryn/Getty Images

Во ненадејните поплави предизвикани од брзото зголемување на нивото на реката Гвадалупе, во американската држава Тексас, загинаа најмалку 24 лица. Како исчезнати се водат најмалку 20 девојчиња кои биле во летен камп во близина на реката, соопшти вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик. Потрагата по нив продолжува.

Спасувачката акција сѐ уште траеФотографија: Michel Fortier/San Antonio Express-News/AP/picture alliance

Според Патрик, нивото на реката Гвадалупе во текот на изминатата ноќ се искачило за осум метри за само 45 минути. Тој информираше дека меѓу загинатите има возрасни и деца. Некои од телата се пронајдени во автомобили што биле однесени од водата. Гувернерот Грег Абот вети поддршка со „сите расположливи ресурси“.

Некои од телата се пронајдени во автомобили што биле однесени од водатаФотографија: ABC Affiliate KSAT/REUTERS

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е запрепастен од поплавите: „Ужасно е, поплавите. Шокантно е“, рече Трамп пред новинарите.

Се преудпредува од нови поплавиФотографија: KSAT/AP/picture alliance

Се очекуваат нови поплави

Во акција на спасување се околу 500 спасувачи и 14 хеликоптери, а учествуваат и Националната гарда на Тексас и Крајбрежната стража на САД.

Во акција на спасување се околу 500 спасувачи и 14 хеликоптериФотографија: Eric Gay/AP/picture alliance

Фримен Мартин, директор на Одделот за јавна безбедност на Тексас, предупреди на опасноста од нови поплави. Првиот човек на округот Кер, Роб Кели, претходно зборуваше за „екстремно разорни и смртоносни“ поплави. Тој објасни дека иако ваквите ненадејни поплави се вообичаени во областа, која се смета за „најопасна речна долина во Соединетите Американски Држави“, сегашните поплави биле неочекувани.

Шок и неверување: Жителка на Кервил гледа во надојдената река ГвадалупеФотографија: Eric Vryn/Getty Images

Во Тексас, најмалку десет лица загинаа кон средината на јуни во ненадејна поплава во Сан Антонио, југоисточно од Кер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми