1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалРусија

Русија: Девет години затвор за Бритни Грајнер

СН/агенции
4 август 2022

Американската кошаркарка, која, според рускиот суд, илегално внесувала дрога во земјата – сега е осудена на долга затворска казна. Американскиот претседател Бајден ја нарече пресудата „неприфатлива“.

Бритни Грајнер зад решетки за време на денешното изрекување на пресудата против неа во рускиот суд
Бритни Грајнер зад решетки за време на денешното изрекување на пресудата против неа во рускиот судФотографија: Anton Novoderezhkin/TASS/dpa/picture alliance

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска е осудена пред судот во рускиот град Химки на 9 години затвор поради поседување и криумчарење дрога.

„Судот ја проглси обвинетата виновна за незаконско поседување и промет на значително количество дрога“, рече судиката Ана Сотникова. Судиката наведе дека обвинувањата за поседување и шверцување на дрога се докажани на судењето, како и оти времето кое Грајнер го поминала во притвор ќе биде пресметано во казната.

Руското обвинителство претходно денеска побара затворска казна од 9 и пол години, додека одбраната бараше ослободување.

Адвокатите на Грајнер, веднаш по пресудата најавија жалба, наведувајќи оти судот ги отфрлил приложените докази, како и фактот дека Грејнер ја прифатила вината.

„Пресудната е апсолутно луда. Секако дека ќе се жалиме“, наведоа нејзините адвокати набрзо по изрекувањето на пресудата.

Бритни Грајнер со своите адвокати во судницатаФотографија: Evgenia Novozhenina/Pool Photo via AP/picture alliance

Бајден ја критикува пресудата

Американскиот претседател Џо Бајден веднаш реагираше на информациите од Москва и истакна дека пресудата е неприфатлива. Тој ја повика Москва веднаш да ја ослободи Бритни Грајнер. 

„Ова е неприфатливо и ја повикувам Русија веднаш да ја ослободи - за да може да биде со сопругата, најблиските, пријателите и соиграчите“, рече Бајден.

Грајнер, двојна добитничка на златен олимписки медал, беше уапсена на московскиот аеродром Шереметево на 17 февруари со електронски цигари кои содржеле масло од хашиш во нејзиниот багаж, само неколку дена пред руската инвазија на Украина.

Адвокатите на двојната олимписка шампионка за време на судењето го повторија нејзиното тврдење дека немала криминална намера и дека маслото од канабис се нашло во торбата бидејќи набрзина се пакувала. За време на судењето нејзините лекари, исто така, сведочеа оти канабисот ѝ е препишан како лек. Во Русија таквото лечење е забрането.

Американската кошаркарка, Бритни Грајнер влегува во судницата во рускиот град ХимкиФотографија: Alexander Zemlianichenko/AP Photo/picture alliance

Можна размена на затвореници?

Вниманието сега се насочува на можноста за размена на затвореници која ја предложи американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Блинкен побара Русија да ја прифати понудата на Вашингтон за ослободување на Грајнер и на поранешниот маринец Пол Вилан, осуден за шпионажа.

Шефот на американската дипломатија не наведе што одговорил Лавров на она што Блинкен во средата го нарече „значајна понуда“ за Русија за ослободување на американските граѓани.

Лицата запознаени со американската понуда наведуваат оти таа подразбира размена на Грајдер и на Вилан за рускиот трговец со оружје Виктор Бут, осуден во САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми