1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБоливија

Неуспешен обид за воен удар во Боливија

СН/агенции
27 јуни 2024

Обидите за воен удар имаат долга традиција во Латинска Америка. Сега еден генерал повторно се обиде во Боливија, веројатно сакајќи да спречи поранешен шеф на државата да се кандидира за претседател.

Војниците накратко ја презедоа контролата врз областа околу претседателската палата за време на неуспешниот пуч
Војниците накратко ја презедоа контролата врз областа околу претседателската палата за време на неуспешниот пучФотографија: Juan Karita/AP Photo/picture alliance

Војници упаднаа на централниот плоштад во Ла Паз, оклопни возила ги разбија портите на претседателската палата: Боливија неколку часа беше на работ на државна криза, но потоа лидерот на пучистите во меѓувреме е уапсен а војниците се повлекоа.

Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генералот Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар, а боливиските власти го уапсија, објави во средата боливиската државна телевизија. Зунига беше уапсен и принуден да влезе во полициско возило додека зборуваше со новинарите пред касарната. 

Според министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, девет лица се повредени во неуспешниот обид за пуч.

Засега не се знае каде е однесен Зунига. Претходно, армијата под команда на Зунига донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши државен удар и да упадне во претседателската палата.

Обвинителите ќе бараат затворска казна до 20 години за осомничениот водач на пучот, генералот Хуан Хозе ЗунигаФотографија: Juan Karita/AP Photo/picture alliance

Регионалните и меѓународните лидери го осудија обидот за пуч, повикувајќи на почитување на демократијата и легитимно избраната власт. Во претседателската палата, новиот шеф на вооружените сили Хозе Вилсон Санчез, положи заклетва пред претседателот, кој повика на враќање на редот и мирот.

Тензиите се зголемуваат во Боливија пред општите избори во 2025 година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес планира да се кандидира против својот поранешен сојузник Арсе, што предизвика голем раскол во владејачката социјалистичка партија и политичка неизвесност.

Многумина не сакаат враќање на Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година, кога беше соборен од власт со масовни протести и заменет со привремена конзервативна влада. Арсе потоа победи на изборите во 2020 година. Зунига неодамна рече дека Моралес не би требал да може да се врати како претседател и се закани дека ќе го блокира ако се обиде, што го натера Арсе да го отстрани Зунига од функцијата.

Боливискиот претседател Луис Арсе именуваше нов шеф на армијата кој им нареди на трупите да се повлечатФотографија: Juan Karita/AP Photo/picture alliance

Пред нападот на претседателската палата, Зунига им се обрати на новинарите на плоштадот и го наведе зголемениот гнев во земјата, која се бори со економски пад, со исцрпени резерви од централната банка и притисок врз боливиската валута, додека извозот на гас пресуши. Тој повика и на промена на власта.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми