1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Невидлив непријател - радијација

Гудрун Хајзе
16 март 2011

Дел од нуклеарните централи во Јапонија претпреа огромни штети од земјотресот и цунамито и почнаа да зрачат радијација. Од неа долгорочно може да починат илјадници луѓе, или да имаат големи здравствени проблеми.

Чернобил Украина
ЧернобилФотографија: Efrem Lukatsky/AP/picture alliance

Невидлива опасност

Не може да се види, не може да се вкуси, не може да се помириса, но може да биде смртоносна: радијација. Со вдишување влегува во човечкото тело, или го озрачува преку кожата. Рак на штитната жлезда, тумори, акутна леукемија, заболувања на очите, психички попречувања, па се’ до оштетување на наследниот материјал - ова се едни од најлошите здравствени последици, кои може да настанат во случај на големо озрачување на човекот. Доколку организмот биде изложен на висока радијација смрт може да настапи и за кус период, во рок од неколку часови или денови.

Фотографија: AP

Заситеност и резерви со јод

Една од болестите која настапува по атомска несреќа е рак на штитната жлезда. Нејзе ја предизвикуваат радиоактивните изотопи на Јод 131 и Јод 133. Нивното радиоактивно дејство особено доаѓа до израз во првите денови по една атомска несреќа. За да се спречи, потребно е да се земе јод. Висока доза на јод спречува во телесните клетки да се вкотви опасниот, контаминиран јод. Телото речиси се преплавува со јод, и на тој начин се избегнува загадениот јод. Заштитното дејство на таблетите со јод трае неколку денови и им помага само на оние кои се’ уште не се озрачени.

Цезиум и стронциум

Кога радионуклеидите стронциум 90 и цезиум 137 ќе се наталожат во коскеното ткиво, постои зголемен ризик од рак. Телото ги заменува овие материи со калциумот и создава опасни материи во физиолошките процеси во мускулните и коскените ткива. Коскената срж, меѓутоа, е одговорна да создава нови црвени крвни зрнца и овој процес може да излезе од контрола преку јонизираното зрачење. Потоа се развива леукемија, најчесто со смртни последици.

Оштетување на наследниот материјал

Последици и по несреќата во ЧернобилФотографија: GRS

Може да дојде и до големи оштетувања на наследниот материјал, како што беше случај во Нагасаки и Хирошима, кога беа родени деца со застрашувачки деформитети. Не може да се заборават ниту долготрајните последици од катастрофата во април 1986 година, во Чернобил. И 20 години по несреќата заболувањата од рак во погодените региони се зголемени за 40 проценти. Според проценките, само во Русија починаа 25.000 луѓе, кои работеле на расчистувањето на нуклеарната постројка.

Можности за лекување речиси нема

Во случај на озраченост речиси нема помош. Меѓутоа, одлучувачки е дали се работи за контаминација или за инкорпорација. Во случај на контаминација радиоактнивниот материјал се таложи на површината на телото. Звучи банално, но во такви случаи помага вода и сапун. Инкорпорацијата е значително поризична, оти во таков случај опасните материи навлегуваат директно во телото, и речиси нема можности да се исчистат.

Фотографија: AP

Интензитетот и времето се одлучувачки

Радијацијата се мери во милисиверти. При озраченост од 250 милисиверти, или 0,25 сиверти, за краток временски интервал може да настане болест како последица на озрачување. Просечната изложеност на радиоактивност на човекот, според податоци на Германската служба за заштита од зрачење, изнесува 2,1 милисиверт годишно. Доколку телото е озрачено со 400 милисиверти настапува смрт.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми