1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нигер: Што ќе преземе ЕКОВАС?

Ноткер Оберхојзер
9 август 2023

Пред вонредниот самит на западноафриканската заедница ЕКОВАС во врска со пучот во Нигер, соседна Нигерија изрази надеж за дипломатско решение.

Нигерија, Абуџа | војник | ЕКОВАС
Нигериски војник пред новото седиште на ЕКОВАС во Абуџа, НигеријаФотографија: Kola Sulaimon/AFP

Како реагира западноафриканската заедница ЕКОВАС на пучот во Нигер, држава со 26 милиони жители? Актуелниот претседател на ЕКОВАС става акцент на дипломатијата, но не исклучува и воена опција.

Пред вонредниот самит на западноафриканските држави за пучот во Нигер, соседна Нигерија ја истакна надежта за дипломатско решение. Претседателот Бола Тинубу верува дека дипломатијата е „најдобар начин за напредување“ во решавањето на кризата во Нигер, рече неговиот портпарол. Нигерискиот претседател во моментов е претседател на заедницата на држави ЕКОВАС. Неговиот портпарол нагласи дека тоа е „консензуален став на шефовите на државите на ЕКОВАС“. Сепак, тој додаде дека „ниту една опција не е симната од дневен ред“. Доколку не се врати уставниот поредок на Нигер, ЕКОВАС се закани со преземање мерки кои одат до влегување со трупи.

Шефовите на државите кои се членки на ЕКОВАС планираат да се состанат во нигерискиот главен град Абуџа во четврток (10.08) за да одлучат како да продолжат натаму. На 26 јули, офицерите на Претседателската гарда во Нигер го соборија демократски избраниот претседател Мохамед Базум. Командантот на елитната единица, Абдурахман Тиани, подоцна се прогласи себеси за нов владетел. Набргу по доаѓањето на Тиани на власт, пучистите го суспендираа уставот и ги распуштија сите уставни институции.

Абдурахман Тиани на собир на пучистите во НиамејФотографија: Balima Boureima/AA/picture alliance

Земјата со 26 милиони жители беше важен стратешки сојузник на Западоти последната демократски избрана влада во зоната Сахел. Воената хунта одби влез на преговарачка мисија од Обединетите нации, ЕКОВАС и Африканската унија.

Американската влада продолжува да се надева на дипломатско решение, но во исто време ги намалува очекувањата. „Сѐ уште имаме надеж, но во исто време сме реални“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер. „Признавам дека ова е тешка ситуација и дека исходот е неизвесен, но не сме подготвени да се откажеме од обидот да постигнеме враќање на демократијата и уставниот поредок.“ Сепак, според Милер, исходот од кризата е отворен, а ситуацијата е динамична.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми