1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ништо ново во Брисел: Нема договор меѓу Белград и Приштина

Екипа на ДВ
14 септември 2023

Александар Вучиќ изјави дека Приштина го отфрлила „компромисниот предлог“ на ЕУ и дека во Брисел немало конкретен договор. Не е јасно дали Белград ќе го поддржи одржувањето на нови избори на северот на Косово.

Александар Вучиќ, Брисел
Вучиќ во разговор со новинарите во БриселФотографија: DW

Средбата во Брисел завршибез посебен договор, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со косовскиот премиер Албин Курти и европските претставници.

Според Вучиќ, на масата имало компромисен предлог од ЕУ конечно да се придвижат работите кон решение, но „Курти не сакал да го прифати и средбата завршила“.

На прашањето на новинар на ДВ дали ќе има нови избори на северот на Косово, Вучиќ изјави: „Реков дека ќе дадам се од себе“. 

Вртење во круг 

Претходно, Вучиќ за прв пат се сретна со Курти по повеќе од четири месеци. Вучиќ и Курти прво се сретнаа одделно со претставниците на ЕУ, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Зборувајќи за средбата, Вучиќ повтори дека „другата страна“ и понатаму не сака да зборува за Заедницата на српските општини. „ Се вртиме во круг, секогаш исти работи“, изјави српскиот претседател.

„Разговаравме за се, европскиот предлог беше на дневен ред“, рече Вучиќ и додаде дека не се зборува за конкретни рокови. „Тие знаат дека прво мора да оди Заедницата на српски општини“. 

Циркузантска претстава 

„Не верувам дека ова е крај на светот“, изјави Вучиќ, коментирајќи го тоа што повторно нема договор. „Сигурен сум дека треба да продолжиме да разговараме“, вели тој и додава: „Уште позагрижен сум за положбата на српскиот народ на Косово и Метохија по се што слушнав денеска“.

Вучиќ очекува реакција од Европската Унија. Тој денешниот напор на советниците Албанци од Северот да се приклучат кон „Заедницата на албанските општини“ го опиша како „циркуска претстава“.

Месеци на напнатост 

Од договорите во Брисел и Охрид на почетокот на годината - кои беа ставени на хартија, но не парафирани - има тензии, особено на северот на Косово.

Сржта на тие договори е одржувањето на нови избори на север со учество на Србите, враќањето на српските претставници во косовските институции и почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини, што Приштина го презеде како обврска пред десет години.

Во моментов, албанските градоначалници се на власт во четири општини на север, кои се населени речиси исклучиво со Срби, иако тие практично не можат да направат ништо. По барикадите и конфликтот меѓу организираните Срби и КФОР, Приштина признава и дека тие градоначалници имаат „шуплив легитимитет“ и се залага за нови избори.

Решението се најде во петицијата за смена на градоначалникот, со што ќе се отвори пат за ново гласање. Се уште не е јасно дали Србите на северот ќе ја потпишат петицијата, како што ги повикува премиерот Курти. 

Дали ЕУ ќе се заканува со повлекување на инвестициите? 

Курти деновиве во интервју за ДВ ги нарече „бизарни“ санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Приштина и повика Србија да биде подготвена со повлекување на инвестициите и враќање на визите.

Во писмена изјава дадена до медиумите пред денешната средба, слично барање упати и заменикот на германските либерали, Томас Хакер, со тоа што мислеше и на Белград и на Приштина.

„Време е ЕУ да го искористи своето економско влијание во двете земји за да изврши притисок за нормализација меѓу Србија и Косово“, рече Хакер. Според него, тоа што Вучиќ и Курти се сретнале по неколкумесечни меѓусебни обвинувања е само „капка на жежок камен“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми