1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаШведска

Доделена Нобеловата награда за физика за 2023

СН/агенции
3 октомври 2023

Годинешната Нобелова награда за физика им е доделена на научниците Пјер Агостини, Ференц Краус и Ан Л' Уилије за нивните истражувања во светот на електроните во атомите и молекулите.

Добитниците на годинешната Нобелова награда за физика
Добитниците на годинешната Нобелова награда за физикаФотографија: Anders Wiklund/TT News Agency/REUTERS

Нобеловата награда за физика им беше доделена на тројца научници, а добитници се францускиот научник Пјер Агостини , австриско-унгарскиот научник Ференц Краус и шведско-француската научничка Ан Л'Уилије.

Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.

Како што се наведува во образложението на Кралската шведска академија на науки од Стокхолм, тројцата научници му дале на човештвото нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и во молекулите.

„Со помош на експерименти, овогодинешните лауреати успеаја да произведат толку кратки светлосни импулси што може да се измерат во атосекунди, демонстрирајќи го начинот на кој се создаваат многу кратки импулси на светлина, а со нив може да се измерат забрзаните процеси кои овозможуваат движење на електроните. и размената на енергија во атомите и во молекулите“, се вели во образложението на Академијата. Атосекундата е 10 до 18-ти дел од секундата. 

Медалите кои се доделуваат при врачувањето на Нобеловата награда секоја годинаФотографија: JONATHAN NACKSTRAND/AFP/Getty Images

Француската физичарка Ан Л'Уилије работи на Универзитетот Лунд во Шведска, нејзиниот сонародник Агостини е професор на Државниот универзитет во Охајо, САД а нивниот унгарски колега Краус е директор на Институтот Макс Планк за квантна оптика во Минхен, Германија. Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година, а досега ја имаат добиено само пет жени, вклучително и годинешната лауреатка Ан Ан Л'Уилије. 

Оваа година, Нобеловите награди во Шведска се дотирани со единаесет милиони шведски круни (околу 950.000 евра) по категорија. Тоа е еден милион круни повеќе од лани. Доколку неколку победници заедно ја добијат престижната награда, паричната награда се дели меѓу нив.

Наградата за физика е втора Нобелова награда која е доделена годинава.

Унгарската научничка Каталин Карико и американскиот колега Дру Вајсман во понеделникот (1, октомври, 2023) ја добија Нобеловата награда за медицина за откритијата што овозможија развој на информациска РНК (иРНК) која го отвори патот за развој на вакцина против Ковид-19.

Добитниците на годинешната Нобелова награда за медицина, Дру Вајсман и Каталин КарикоФотографија: Peggy Peterson Photography/Penn Medicine

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена во среда, 4 октомври, а Нобеловата награда за литература во четврток, 5 октомври. Соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда за мир е закажана за петок, а за економија во понеделник.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми