Нобеловата награда за литература за Ласло Краснахоркаи
ЖА / агенции
9 октомври 2025
Шведската академија во Стокхолм му ја додели Нобеловата награда за литература на унгарскиот автор Ласло Краснахоркаи. Неговите книги се преведени на повеќе од 30 јазици.
Овогодинешната Нобелова награда за литература ја доби Унгарецот Ласло КраснахоркаиФотографија: Mirco Toniolo/Avalon/picture alliance
Реклама
Овогодинешната Нобелова награда за литература ја доби Унгарецот Ласло Краснахоркаи, објави Шведската академија во Стокхолм, според која тоа е признание за неговата визионерска работа. Романсиерот и сценарист е роден во Ѓула во 1954 година. Неговиот дебитантски роман „Сатанско танго“ и многу други дела добија меѓународни награди, некои од нив се адаптирани за филм од Бела Тар.
Краснахоркаи со години е меѓу фаворитите за Нобеловата награда за литература. Книгите на Краснахоркаи се познати по нивниот мрачен, често апокалиптичен стил и сложен јазик. Тие се преведени на над 30 јазици и честопати се занимаваат со живот во кризни ситуации, како и со фундаментални прашања од човековото постоење. „Сатанско танго“, „Меланхолијата на отпорот“ и „Војна и војна“ имаа особено длабоко влијание врз современата европска литература.
Краснахоркаи е вториот унгарски добитник на Нобелова награда за литература. Единствениот унгарски автор кој претходно ја добил Нобеловата награда за литература е Имре Кертеш во 2002 година.
Нобелова награда за литература - не одеше секогаш „подмачкано“
Годинава, поради скандали со корупција и сексуални напади, Нобелова награда за литература нема да се доделува. Но и порано имаше проблеми и контроверзи во врска со ова најважно книжевно признание.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
Закани по живот: Салман Ружди
Романот на Ружди, „Сатански стихови“ (1988), иранскиот врховен верски поглавар, го сметаше за богохулство, па објави „фатва“, награда за главата на писателот. Ружди со години потоа мораше да се крие. Шведската академија тогаш не зазеде став, па двајца членови на жирито си дадоа оставки. Дури 27 години подоцна, Академијата ги осуди заканите.
Фотографија: Getty Images for Christian Dior Couture/N. Hunt
Доцно признание за „првенецот“ на Томас Ман
Кога Томас Ман ја доби наградата во 1929. година, тоа не беше за неговиот тогаш од печат излезен роман „Волшебен брег“, туку за неговиот дебитантски роман, „Буденброкови“, во тоа време стар 30 години. Жирито романот „Волшебен брег“ го сметал за „развлечен и флегматичен“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bifab
Не е литература, но сепак се силни зборови - Винстон Черчил
Британскиот премиер Винстон Черчил всушност бил кандидат за Нобелова награда за мир, двапати бил на листата. Во 1953. тој ја доби наградата, но - за литература. Жирито ја фалеше неговата историска и биографска книга за Втората светска војна поради „реторичката уметност со која ги бранел човековите права.“
Фотографија: picture-alliance/AP-Photo
Не смееше да ја прими наградата: Борис Пастернак
Советскиот автор, светски познат по неговиот роман „Доктор Живаго“, беше одликуван во 1958. Но, неговата влада му се закани со прогон ако ја прими наградата. Пастернак попушти, а Здружението на писатели го исклучи од своите редови. Сепак, Пастернак остана во Советскиот Сојуз. Неговиот син во 1989. година во Стокхолм го прими Нобеловиот медал на својот татко.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass
Ги сакал само парите: Жан-Пол Сартр
Во 1964. година Нобеловата награда требаше да ја прими францускиот драматург и филозоф Жан-Пол Сартр. Неочекувано, тој го одби признанието („Секоја награда создава зависност“.) Се зборува дека години подоцна, одоколу се распрашувал дали сепак не може да ги добие парите - 273.000 шведски круни. Но, ова е веројатно само измислена анегдота.
Фотографија: picture alliance/AP Images
„Тоа не е литература“: Дарио Фо
Тој е само „забавен уличен циркузант, а не автор од светска класа“, критикуваше револтираната литературна елита кога во 1997. година беше одликуван италијанскиот драматург Дарио Фо. Како сатиричар, тој возврати во свој стил. На својот говор во Шведската академија тој му даде наслов „ Против отворените улични циркузанти“ и свеченото доделување на наградата го претвори во сатирично шоу.
Фотографија: Vittorio Zunino Celotto/Getty Images
Премногу луѓе: Елфриде Јелинек
Австриската писателка Елфриде Јелинек не сакаше да присуствува на доделувањето на наградите, кога беше одликувана во 2004. година. Образложение: има страв од голема публика и ненадејната популарност. „Психички не сум во состојба лично да се соочам со ова,“ порача Јелинек, а жирито тоа мораше да го прифати. Сепак, Јелинек одржа говор, преку видео-порака.
Фотографија: Imago/Leemage/S. Bassouls
Не сакаше да зборува: Боб Дилан
Боб Дилан е прв музичар кој доби Нобелова награда за литература, во 2016. година. Музичкиот свет го славеше поради тоа. Но, Дилан се дистанцираше и се чинеше незаинтересиран за своето високо признание. Тој го откажа учеството на свеченото врачување и не испрати ни свој говор. Во март 2017. година сепак отиде накратко во Стокхолм и си го зеде својот медал.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
8 фотографии1 | 8
Нобеловата награда за литература се смета за најважна книжевна награда во светот. Според Академијата, оваа година во конкуренција беа нешто повеќе од 200 номинирани - сите од нив традиционално се чуваат во тајност од страна на Нобеловите институции веќе 50 години.
Наградата се доделува на 10 декември, на годишнината од смртта на пронаоѓачот на динамит и основач на наградата, Алфред Нобел (1833-1896). Наградите моментално се дотирани со 11 милиони шведски круни, што е еквивалентно на приближно еден милион евра.