1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Нобеловата награда за мир доделена на Марија Корина Мачадо

ЖА
10 октомври 2025

Венецуелската политичарка Марија Корина Мачадо ја доби овогодинешната Нобелова награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет ѝ ја додели за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ.

Жена со микрофон и цвеќе во раката - венецуелската политичарка Марија Корина Мачадо ја доби овогодинешната Нобелова награда за мир, 2025
Венецуелската политичарка Марија Корина Мачадо ја доби овогодинешната Нобелова награда за мирФотографија: Federico Parra/AFP/Getty Images

Нобеловата награда за мир за 2025 година ја доби венецуелската политичарка Марија Корина Мачадо, објави Нобеловиот комитет во Осло. Таа ја прима наградата за нејзината „неуморна посветеност“ на демократските права на венецуелскиот народ, изјави претседателот на Комитетот, Јорген Ватне Фриднес.

„Како лидер на демократското движење во Венецуела, Марија Корина Мачадо е еден од најнеобичните примери на граѓанска храброст во Латинска Америка во последно време“, се вели во соопштението на Комитетот. Минатиот октомври, опозициската политичарка веќе ја доби наградата Сахаров за човекови права од Европскиот парламент.

Минатата година Мачадо беше номинирана за кандидат на опозициската „Платформа за демократско единство“ на претседателските избори во Венецуела, но потоа беше исклучена од изборната трка од страна на провладиниот Национален изборен совет.  Дипломатот Едмундо Гонзалез Урутиа,  кој, според меѓународните набљудувачи, доби најмногу гласови, спротивно на официјалното објавување на изборните резултати, се пријави на нејзино место. Авторитарниот лидер Николас Мадуро  владее со Венецуела од 2013 година и останува и натаму на власт.

Нобеловата награда  за мир е една од најпрестижните награди во светот. Оваа година беа номинирани 338 кандидати - но имињата на номинираните официјално се чуваат во тајност 50 години. Сепак, имињата продолжуваат да протекуваат. Рокот за номинирање истече на крајот на јануари оваа година.

Нобеловата награда за мир за 2024 година  беше доделена на јапонската мировна организација Нихон Хиданкио. Организацијата беше одликувана за нејзината посветеност на свет без нуклеарно оружје.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми