1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов масакр во Србија: Осум мртви во пукање кај Младеновац

ЖА / агенции
5 мај 2023

Повторна трагедија во само два дена: осум луѓе се убиени, повеќе од десет се повредени во пукање кај Младеновац. Се врши потрага по 21 годишниот напаѓач.

Убиени осум луѓе кај Младеновац, Србија
Убиени осум луѓе кај Младеновац, СрбијаФотографија: Marko Drobnjakovic/AP/dpa/picture alliance

Напаѓачот пукал со автоматско оружје во група луѓе и убил осум од нив, додека најмалку 13 се ранети во село Дубона кај Младеновац, 50 километри југоисточно од Белград, како што пренесуваат медиумите во Србија, повикувајќи се на извори од полицијата.

Осомничениот потоа побегнал од местото на злосторството, а полицијата води масовна потрага и веќе, како што се пренесува, открила каде се наоѓа. Голем број полициски сили го имаат опколено 21-годишниот напаѓач, операцијата е уште во тек, било наведено во соопштението.

Силни полициски сили во потрага по напаѓачотФотографија: Antonio Bronic/REUTERS

Сведоци за медиумите во Србија изјавиле дека било пукано додека седеле на клупи во центарот на селото, а извршителот пукал на нив од автомобил. Според непотврдени информации, меѓу жртвите се и еден полицаец и неговата сестра. Засега не е познат мотивот на напаѓачот.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ го посетил местото на нападот синоќа и настанот го опишал како „терористички акт“, но не изнесол натамошни детали.

Потрага по напаѓачот кај МладеновацФотографија: Armin Durgut/AP/dpa/picture alliance

Најновиот масакр се случува само еден ден по трагедијата која ја потресе цела Србија– во средата на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик со огнено оружје уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, по што беше приведен од полицијата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми