1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови антикризни мерки: парична помош за ученици и пензионери

ДТЗ
28 ноември 2023

Владата го донесе деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Тој содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.

Димитар Ковачевски
Ковачевски најавува нов пакет антикризни мерки: парична помош за учениците, пензионерите и компаниитеФотографија: Government of North Macedonia

Владата го донесе деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра, кој содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките ќе бидат опфатени учениците, пензионерите, ранливите категории и компаниите кои ќе добијат финансиска инјекција со цел да се надминат последиците од кризата. 

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата информираше дека со мерките ќе бидат опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании. 

Помош за учениците и студентите 

Ковачевски најави дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 и 1.800 денари месечно. Станува збор за субвенционирање на ученичкиот стандард во основното и средното образование.

Финансиска поддршка, како субвензиониран оброк, ќе добијат учениците од ранливите категории, чии вкупни месечни приходи во семејството не надминуваат 50 илјади денари. Мерката ќе се применува од декември до мај идната година.

Исто така, 15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер во износ од 600 до 1.200 денари за превоз. Мерката ќе важи до јуни идната година.

Пензионерите кои протестираа изминатиот период за повисоки пензии, ќе добијат помош од 1.500 до 3.000 денариФотографија: Petr Stojanovski/DW

Поддршка и за пензионерите 

Во наредните пет месеци, парична помош ќе добијат и корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години.

Во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добијат помош од 3.000 денари месечно. За оние со пензија од 14 до 16 илјади се предвидени по 2.000 денари месечна помош, додека оние кои имаат пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат финансиска поддршка од 1.500 денари. 

Мерките истекуваат по изборите 

Мерките ќе важат од 1 декември. Премиерот вели дека финансиските средства за антикризните мерки се предвидени со буџетот за идната година.

Иако мерките се краткотрајни, премиерот Ковачевски е убеден дека тие ќе им помогнат, пред се на пензионерите и на учениците, како и на самохраните родители и оние кои се најпогодени во време на кризата. 

„Не би кажал дека мерките истекуваат со изборите - некои истекуваат пред изборите, некои по изборите, така што тие се направени за граѓаните, а не за изборите“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми