1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Нов рок за евакуација на жителите на Појасот Газа

ЕМФ / дпа
14 октомври 2023

Израелската армија им даде на жителите на Појасот Газа нов рок за евакуација.

Палестинци бегаат кон југот на Појасот Газа
Палестинци бегаат кон југот на Појасот ГазаФотографија: Hatem Moussa/AP/picture alliance

Израелската армија ги уверува жителите во северниот дел од Појасот Газа дека денеска (14.10) нема да напаѓа во периодот од 10 до 16 часот по локално време (од 9 до 15 часот по средноевропско време) со цел тие да можат да се евакуираат.

Жителите на Беит Ханун треба да следат означена рута за бегство до Кан Јунис, објави портпаролот на израелската армија на арапски јазик на платформата Х (поранешен Твитер). Во дадениот временски период, е можно движење по таа рута „без штети“. Армијата се сомнева дека членови на милитантно-исламистичкиот Хамас се наоѓаат во тунели под куќите на луѓето, а исто така и во станбени згради.

Израелската војска го обвини Хамас дека се обидува да го спречи населението да дојде на безбедно и дека го користи како „човечки штит“. Од невидениот масакр на израелски цивили од страна на терористи по налог на Хамас во пограничните градови и на музички фестивал, израелската војска изведува масовни воздушни напади врз цели во густо населениот крајбрежен Појас Газа.

Повикот на Израелза масовна евакуација е многу критикуван. Обединетите нации го повикаа Израел да го повлече повикот за евакуирање на жителите на Појасот Газа и нагласија дека се заканува „катастрофална ситуација“. Остри критики упатија и Саудиска Арабија и Египет. Набљудувачите оценуваат дека израелската армија упатила повик за евакуација на околу 1,1 милиони Палестинци од северниот дел на Појасот Газа  затоа што претстои копнена израелска офанзива.

Незамислива хуманитарна катастрофа во Газа

02:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми