1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нов напад врз Киев: Дрон се урнал на детско игралиште

СН/агенции
2 август 2023

Русија во текот на ноќта со повеќе беспилотни летала повторно го нападна украинскиот главен град Киев. Оштетени се две згради. Според украинските власти во нападот нема жртви.

Експлозија на соборен руски дрон во населба во Киев во раните утрински часови на 2 август 2023
Експлозија на соборен руски дрон во населба во Киев во раните утрински часови на 2 август 2023Фотографија: GLEB GARANICH/REUTERS

Украинската престолнина Киев, според објавите на градските власти, во текот на изминатата ноќ повторно била нападната со повеќе руски беспилотни летала. Ненаселена зграда е оштетена во областа Соломјански, а дрво се запали во областа Свијатошински, објави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм. Според него, нема загинати и повредени во нападот.

Воената администрација на главниот град на Украина, исто така, преку Телеграм објави дека делови од дрон паднале врз детско игралиште во областа Голосијевски. Пожар избувнал и во ненаселена зграда. И во овие инциденти нема жртви.

Чад на небото над Киев за време на рускиот напад со беспилотни летала на 2 август 2023 годинаФотографија: GLEB GARANICH/REUTERS

Киев јави за успешна одбрана од нападите

Непосредно пред тоа, администрацијата го предупреди населението за можни напади со беспилотни летала и го повика да остане внатре. Началникот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, пак, изјави дека беспилотните летала навлегле во воздушниот простор над главниот град истовремено од повеќе правци.

„Сите цели, повеќе од десет беспилотни летала, беа откриени и уништени навреме“, наведе Попко на Телеграм.

И пристанишната инфраструктура во  јужниот украински  регион Одеса на Црното Море бил нападнат беспилотни летала, соопшти локалната воена администрација, наведувајќи дека нема жртви. 

Руски дрон пресретнат од проектил на украинската противвоздушна одбрана над Киев на 2 август 2023 годинаФотографија: GLEB GARANICH/REUTERS

„Цел на непријателот беше пристаништето и индустриската инфраструктура во регионот (Одеса). Силите за противвоздушна одбрана работеа неуморно речиси три часа“, соопшти украинската војска на Телеграм.

Беспилотните летала „Шахед“, од иранско производство, иле лансирани од Црното Море. Нападите предизвикаа пожари во индустриските и пристанишните објекти.

Во вторникот Русија јави за неколку напади со беспилотни летала, вклучително и врз главниот град Москва, окупираниот полуостров Крим и руската флота во Црното Море. Според руски извори, по вторпат е погодена висококатница во московскиот деловен кварт. Москва ја обвини Украина за нападот. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми