1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаНов Зеланд

Џасинда Ардерн најави оставка

СН/агенции
19 јануари 2023

На 37-годишна возраст, Џасинда Ардерн стана најмладата премиерка во светот: сега 42-годишната шефица на владата на Нов Зеланд изненадувачки најави оставка. Таа истакна дека е исцрпена од функцијата.

При најавата на нејзината оставка Џасинда Ардерн на моменти се бореше со солзите
При најавата на нејзината оставка Џасинда Ардерн на моменти се бореше со солзитеФотографија: Warren Buckland/dpa/picture alliance

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, најави оставка и рече дека ќе ја напушти функцијата најдоцна до 7 февруари, а на 14 октомври ќе се одржат генералните избори.

Нејзиното изненадно заминување од премиерската функција на Нов Зеланд го опишуваат како „шокантно“, а Ардерн рече оти нема повторно да се кандидира за премиерка.

Нејзиниот чувствителен пристап кон најлошото масовно убиство во земјата и одговорот за време на пандемијата на коронавирусот ја доведоа да стане меѓународна икона, но се соочуваше со растечки критики во земјата.

„Влегов во шестата година откако сум на оваа функција и секоја година од мојата работа давав максимум“, рече Ардерн.

Харизматичната политичарка Џасинда Ардерн стана премиерка на Нов Зеланд на само 37 годиниФотографија: Mark Mitchell/NZ Herald/AP/picture alliance

Таа ја опиша својата работа како голема привилегија, но воедно и голем предизвик, и нагласи оти веќе нема сила да остане уште еден мандат.

„Не заминувам бидејќи беше тешко. Да беше тоа причината, веројатно ќе заминев по два месеца на функцијата. Заминувам бидејќи, со таква привилегирана улога доаѓа и одговорност. Одговорност е кога знаете дека сте вистинската личност да ја водите земјата, но кога не сте. Знам што бара оваа работа и немам веќе доволно 'гориво' да го работам тоа на вистински начин. Едноста, така е“, рече Ардерн.

Таа стана инспирација за жените во светот кога победи на изборите во 2017 година, на 37-годишна возраст.

Во март 2019 година Ардерн се соочи со еден од најмрачните денови во историјата на Нов Зеланд кога терорист влезе во две џамии во Крајстчрч и уби 51 лице. Таа доби пофалби за начинот на кој се однесуваше кон преживеаните и кон муслиманската заедница во земјата по нападот.

Ардерн беше фалена во светот поради првобитното делување кон пандемијата на коронавирусот, но беше приморана да се откаже од стратегијата на нулта толеранција кога се проширија позаразните соеви и кога станаа достапни вакцините.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми