1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАвганистан

Нов земјотрес во Авганистан

ЕМФ | агенции
9 октомври 2023

По тешките потреси од саботата, денеска нов земјотрес го погоди Авганистан. Ситуацијата е тешка.

Авганистан | Земјотрес во провинцијата Херат
Испукан ѕид по земјотресот во Херат, АвганистанФотографија: Muhammad Balabuluki/Middle East Images/AFP/Getty Images

Авганистан е погоден од нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на 33 километри северозападно од градот Херат, соопшти денеска (9.10) американската агенција за геолошки истражувања УСГС.

Провинцијата Херат пред два дена беше погодена од повеќе земјотреси, од кои двата најсилни беа со јачина од 6,3 степени. Во земјотресот загинаа над 2000 луѓе. Потрагата по преживеани трае, но надежта со секој изминат час е сѐ помала. Во спасувањето учествуваат и доброволци, кои со камиони носат храна, шатори и ќебиња за луѓето во погодените подрачја кои се тешко достапни. Многумина од луѓето кои учествуваат во спасување носат и лопати за отстранување на урнатините во потрагата по преживеани.

Со голи раце и лопати во потрага по преживеани: Херат, Авганистан (8.10.2023)Фотографија: Muhammad Balabuluki/Middle East Images/AFP/Getty Images

Според Светската здравствена организација (СЗО), од катастрофата се погодени 11.000 луѓе од 1.655 семејства. Обезбедувањето на неопходните работи пред почетокот на зимата се голем предизвик за талибанската влада. Авганистан е веќе во сериозна хуманитарна криза бидејќи многу странски хуманитарни организации ја напуштија земјата откако во 2021 година на власт дојдоа талибанците. Погодената провинција Херат, на границата со Иран, страда и од долгогодишна суша, што доведе до слаба жетва во многу села.

Помош им е потребна на повеќе илјади луѓеФотографија: Muhammad Balabuluki/Middle East Images/AFP/Getty Images

Во Авганистан, особено во Хиндукуш, каде што се спојуваат индиската и евроазиската тектонска плоча, постојано има земјотреси. Со оглед на тоа што многу куќи во земјата се лошо изградени, потресите често предизвикуваат сериозни штети. Повеќето куќи во селските области се направени од исушени тули од кал и се изградени околу дрвени столбови. Под еден покрив најчесто живеат повеќе генерации од едно семејство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми