1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот парламент денеска гласа за новата Еврокомисија

СН/агенции
27 ноември 2024

Минатата недела беше надмината повеќенеделната блокада во Европарламентот против некои членови на новата Еврокомисија предводена од Урсула фон дер Лајен. Денеска следува гласањето за неа на пленарна седница во Стразбур.

Пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур
Пленарната сала на Европскиот парламент во СтразбурФотографија: Fred MARVAUX/EU-Parlament

Ден на одлука за новата Еврокомисија. Пратениците на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за одобрување на новиот состав на Комисијата на ЕУ на чело со нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен.

За да се потврди новата Европска комисија, неопходно е таа го добие мнозинството гласови дадени во Европскиот парламент (ЕП).

Европратениците пред гласањето ќе учествуваат во дебата со Фон дер Лајен за нејзиниот нов тим од 26 еврокомесари и за програмата на Комисијата.

Претседателката на Европската комисија по гласањето ќе одржи и прес-конференција заедно со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Урсула фон дер Лајен во втор мандат треба да ја предводи Комисијата на ЕУФотографија: Philipp von Ditfurth/dpa/picture alliance

Гласањето доаѓа откако сите кандидати за комесари на ЕП, меѓу кои и кандидатката за еврокомесар за проширување Марта Кос и кандидатката за висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, беа сослушани пред надлежните комисии на ЕП од 4 до 12 ноември, по што пратениците оцениле дека се подобни за тие позиции и се способни за вршење на должности поврзани со нивните доделени ресори.

Откако Европскиот парламент ќе ја избере Комисијата, таа треба формално да биде назначена од Европскиот совет со квалификувано мнозинство.

Се очекува новата Европска комисија да стапи на функција на 1 декември 2024 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми