1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Нови обвиненија против раперот „Диди“

ЕМФ | агенции
2 октомври 2024

Против раперот „Диди“, кој веќе е сооочен со голем број тужби, сега се поднесени десетици нови. Адвокатска канцеларија застапува 120 луѓе кои го обвинуваат музичарот за малтретирање и сексуален напад.

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс
Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс е соочен со нови тужбиФотографија: Eduardo Munoz/REUTERS

Против американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс (54), кој веќе се товари за бројни сексуални злосторства и е во притвор, поднесени се десетици нови тужби. Адвокатска канцеларија во Хјустон соопшти дека застапува 120 лица - 60 жени и 60 мажи - со обвинувања за силување и сексуална принуда. Тука спаѓаат лица за кои се вели дека биле малолетни во времето на наводно сторените кривични дела.Тие, како што се наведува, се случувале од 1991 година, главно на забави и настани во Њујорк и Лос Анџелес. „Најголемата тајна на индустријата за забава, која всушност не беше тајна, конечно е обелоденета“, изјави адвокатот Тони Базби.

„Диди“ ги негира обвинувањата

Обвинувањата се лажни и клеветнички, одговори во врска со случајот Ерика Волф од правниот тим на Комбс на прашање на новинската агенција ДПА. Комбс со нетрпение очекува да ја докаже својата невиност на суд, тврди таа.

Со хитовите како „I'll Be Missing You" и „Bad Boy For Life", Комбс се вбројува во најуспешните рапери во светот во последните децении. Во текот на својата кариера, тој ги користеше псевдонимите „Паф Деди“, „Пи Диди“, а сега „Диди“. Од пред околу две недели раперот е во истражен затвор. Тој, меѓу другото, е обвинет за трговија со жени, организиран криминал и други кривични дела. Комбс се изјасни за невин. Освен тоа, против него има и неколку граѓански тужби за сексуална злоупотреба.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми