1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТајван

Тајван: Лаи ја повика Кина да престане со заплашување

СН/агенции
20 мај 2024

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те положи заклетва на функцијата. За Пекинг тој е „опасен сепаратист“. Тензиите околу Тајванскиот теснец растат, а Лаи мора да се справи со поделбите во сопствениот парламент.

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-Те со крената рака ги поздравува гостите на церемонијата за полагање на претседателската заклетва
Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-Те со крената рака ги поздравува гостите на церемонијата за полагање на претседателската заклетваФотографија: Taiwan Ministry of Foreign Affairs/AP/picture alliance

Новиот тајвански претседател Лаи Чинг-те (64) ја презеде функцијата во понеделникот среде се поголемите тензии со Кина. Лаи и неговата потпретседателка Хсијао Би Ким положија заклетва во претседателската канцеларија во Тајпеј.

На настанот присуствуваа меѓународни делегации од САД, Јапонија, Канада и од други земји.

Во својот инаугуративен говор, Лаи зборуваше за „многу закани и обиди за инфилтрација“ од Кина. „Мораме да покажеме одлучност да ја браниме нашата нација“, додаде тој.

Здравица по инаугурацијата: Лаи Чинг-Те (во средина) со новата потпретседателка Хсиао Би-ким и министерот за надворешни работи Џозеф ВуФотографија: Taiwan Ministry of Foreign Affairs/AP/picture alliance

Тој го повика Пекинг да стави крај на „политичкото и военото заплашување“ како и да ја сподели одговорноста за безбедноста во Тајванскиот теснец со Тајван.

Кина го гледа Лаи како „опасен сепаратист“ кој ќе донесе „војна и пропаст“ во регионот.

Соочување со воинствениот Пекинг

Лаи беше потпретседател за време на претседателотката Цаи Инг-вен, за чиешто осумгодишно владеење островот доживеа значителен економски и социјален напредок, но и влошување на односите со Кина.

Лаи, кој своевремено се нарекуваше „прагматичен работник за независност на Тајван“, оттогаш ја ублажи реториката, ветувајќи дека ќе одржува статус кво, што значи зачувување на суверенитетот на Тајван без формално прогласување независност.

Авиони на тајванското воено воздухопловство дадоа свој придонес кон церемонијата за инагурација на новиот претседателФотографија: Johannes Neudecker/dpa/picture alliance

Пекинг ги отфрли обидите на Лаи за дијалог и ја засили воената активност во близина на Тајван од неговата изборна победа.

Кина го гледа демократскиот Тајван како своја територија и наведува дека употребата на сила за да го стави островот под нејзина контрола не е исклучена.

Пред инаугурацијата на Лаи, Канцеларијата за работи на Тајван во Пекинг ги опиша „тајванската независност и мирот меѓу теснецот“ како некомпатибилни како „водата и оганот“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми