1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Новогодишна порака на Гутереш: „Светот е на крстопат“

СН/агенции | АРД
30 декември 2025

Генералниот секретар на ОН ја повика меѓународната заедница да ги преиспита своите приоритети. Во новогодишна пораката, Гутереш дека мора повеќе да се инвестира во борбата против сиромаштијата, а помалку во војните.

енералниот секретар на ОН Антонио Гутереш зборува на прес-конференција
„Опкружени сме со хаос и несигурност“, истакна Антонио Гутереш во новогодишната поракаФотографија: Chalinee Thirasupa/REUTERS

„Светот се наоѓа на крстопат“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, и апелираше до светските лидери: „Изберете ги луѓето и планетата наместо страдањето“. Според податоците, повеќе од една четвртина од човештвото живее во области погодени од конфликти. „Опкружени сме со хаос и несигурност. Поделби, насилство, климатски колапс и систематски кршења на меѓународното право.“ Гутереш нагласи дека во 2026 година, лидерите мора да работат на ублажување на човечкото страдање и борбата против климатските промени.

Нееднаквоста помеѓу воените трошоци и хуманитарната помош

На повеќе од 200 милиони луѓе низ целиот свет им е потребна хуманитарна помош, додека воените трошоци се зголемија на 2,7 билиони долари - што е 13 пати повеќе од износот за помош за развој, рече Гутереш. Таа сума одговара на бруто домашниот производ на африканскиот континент, и ако трендот продолжи, до 2035 година воените трошоци би можеле да достигнат 6,6 билиони долари. 

Неодамна, САД објавија дека ја намалуваат помошта за Обединетите нации од 17 милијарди долари на 2 милијарди долари. УНИЦЕФ во својот годишен извештај наведе дека никогаш порано повеќе деца не живееле во воени и кризни подрачја. На почетокот на декември, Стокхолмскиот институт за истражување на мирот (СИПРИ) пријави рекордни приходи од продажба на оружје.

„Јасно е дека светот има ресурси за подобрување на животите, да се излечи планетата и да обезбеди иднина со мир и правда“, заклучи Гутереш. Неговиот втор мандат истекува на крајот на 2026 година, а во новата година тој повика на вистинските приоритети: „Безбеден свет започнува со тоа да инвестираме повеќе во борбата против сиромаштијата, а помалку во војните. Мирот мора да победи.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми