1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: „Заедништвото е наш најголем адут“

СН/дв | агенции
31 декември 2022

Војната во Украина ја доведе Германија во искушение, но земјата не подлегна на проблемите, вели германскиот канцелар Олаф Шолц во негото новогодишно обраќање.

Германскиот канцелар Олаф Шолц при неговото новогодишно обраќање
Германскиот канцелар Олаф Шолц при неговото новогодишно обраќањеФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

„Путин води имеријалистичка агресорска војна во срцето на Европа. Овој пресврт и нас и нашата земја нѐ става во искушение“, рече Олаф Шолц во традиционалното новогодишно обраќање на канцеларот.

„Сочувствуваме со Украинците кои ни во деновите како што е денешниот не можат да здивнат од руски бомби и ракети. А, последиците од војната ги чувствуваме во секојдневието, кога купуваме во супермаркет, на бензиска пумпа или плаќаме сметки за струја или за гас“, рече Шолц.

Тој додаде дека тука се кријат и добри вести. Руската војска не ја прегази Украина за неколку дена, како што планираше Путин, ЕУ и НАТО се обединети, а Германија не подлегна на уцените за рускиот гас.

Новогодишното обраќање на канцеларот традиционално се емитува во целосна должина на јавните сервиси во Германија на последниот ден од годината.Фотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

„Не оставаме никого на цедило“

„Се работи за зедништво и за сила - и да, исто така, за самодоверба. Сите помогнавте во пишување на оваа приказна - секаде во нашата земја“, додаде канцларот.

Тој им се заблагодари на сите кои помагаат во прием и згрижување на воените бегалци, додавајќи оти ширум земјата 29 милиони луѓе доброволно и хуманитарно се ангажираат во разни организации. Тој ги пофали и оние кои работат на енергетската транзиција и за заштита на климата.

„Ова е земја во која никого не го оставаме на цедило - без разлика дали во град или на село, стари или млади, богати или помалку богати, без разлика дали се родени тука или подоцна се доселиле“, рече Шолц.

Многу работи во Германија значително поскапеа. Канцеларот уверува дека владата ќе помогнеФотографија: Micha Korb/picture alliance/dpa

Нови мерки во Новата година

Германскиот канцелар потсети на новите пакети мерки за сузбивање на кризата, кои ќе стапат во сила од првиот ден на јануари. Во прашање се надоместоците за кирии за лицата со ниски примања, зголемување на детскиот додаток и вкупно 19 милијарди евра намалување на даноците, како и субвенционирани цени за струјата, парното и гасот.

„Почитувани сограѓани, нашето заедништво е нашиот најголем адут. Затоа на почетокот на оваа Нова година ни посакувам едно нешто: Да останеме верни на патот по кој тргнавме минатата година! Храбро да продолжиме понатаму“, заклучи Шолц.

Новогодишното обраќање на канцеларот традиционално се емитува во целосна должина на јавните сервиси во Германија на последниот ден од годината. Претходно за Бадник се емитува говорот на претседателот на државата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми