1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обука за одбрана и заштита во германските училишта?

Анто Јанковиќ
23 март 2024

Германија дебатира како подобро да ги подготви учениците за кризи и војни. Расправата ја иницираше сојузната министерка за образование Старк-Ватцингер, која рече дека мора да се подготват младите во случај на војна.

вежба Германија
Секогаш е добро кога вакви работи се случуваат само на вежбање. Спасување лице кое паднало во замрзнато езеро.Фотографија: Arne Dedert/picture-alliance/dpa

„Целото општество мора добро да се подготви за кризи, од пандемии преку природни катастрофи до војна“, изјави сојузната министерка за образование Бетина Штарк-Вацингер (ФДП) во интервју за медиумската група Функе. Министерката смета дека оваа обука треба да се спроведе во училиштата, можеби не како посебен предмет, туку како дел од наставата по други предмети.

Министерката смета дека тука спаѓаат и практичните вежби во училиштата. Таа ја наведе Велика Британија како пример. „Таму, вежбите во случај на катастрофа се дел од секојдневниот живот“, вели министерката, нагласувајќи дека младите луѓе мора да научат да се справуваат со заканите за слободата и опасностите.

Сојузната министерка за образование Бетина Старк-Ватцингер (ФДП)Фотографија: Britta Pedersen/dpa/picture-alliance

Да не се шири страв

Но, не сите се воодушевени од предлогот на сојузната министерка за образование. Нејзината колешка од провинцијата Шлезвиг-Холштајн, Карин Приен (ЦДУ), смета дека тоа ќе влее страв кај учениците. „Не помага ако стравот се шири меѓу населението, особено меѓу децата и младите“, вели Приен, нагласувајќи дека задача на федералната влада е да се грижи за прашањата за цивилната заштита и надворешната безбедност, а не на провинциите, кои имаат автономија во областа на образованието.

И Штарк-Вацингер е свесна дека вежбите за цивилна одбрана може да предизвикаат или да го зголемат стравот кај учениците. Затоа таа вели дека социјалните работници и психолозите треба да учествуваат на обуката за заштита во случај на катастрофи и војна. Таа, исто така, сака на децата во училиштата за безбедносните прашања да им зборуваат младинските службеници, референти во германскиот Бундесвер, кои имаат задача да им го пренесат безбедносно знаење на децата и младите и кои се обучени да го прават тоа.

Има повеќе од 90 такви младински офицери во германската армија и тие веќе соработуваат со покраинските министерства за образование за пренесување на знаење за безбедносно-политички прашања.

Претседателот на Здружението на германските наставници, Стефан ДулФотографија: Andreas Gebert

Синдикатот на наставниците го поддржува предлогот

Германското здружение на наставници го поддржа предлогот на сојузната министерка за образование. „Војната во Украина создава нова свест за воената закана, која исто така мора да се пренесе во училиштата“, вели претседателот на Федерацијата, Штефан Дил, во изјава за весникот Билд. Тој смета дека во политичката настава во училиштата мора да се учи за сите закани во Европа и во светот и дека во  мора да се учи на политички часови во училиштата и дека младинските службеници можат да помогнат во тоа.

Но, неколку експерти за образование го критикуваа предлогот на сојузната министерка за образование. „Мораме да ги подготвиме нашите деца за училиште, а не за војна“, вели експертот за образование на ЦДУ, Томас Јарзомбек. „Секое четврто дете во основно училиште не знае добро да чита и пишува - тоа мора да го прифатиме“, вели Јарзомбек.

Експертот за образование на Зелените, Каи Геринг, кој е и претседател на Комисијата за образование на Бундестагот, смета дека образованието за војна не е најважната задача на училиштата. Со оглед на лошите резултати на германските ученици во студијата ПИСА, министерката треба да ги прифати главните предизвици на образовниот систем, вели Геринг. 

Организацијата за техничка помош THW има генератори на струја кои се важни за работа на бројни апарати и машиниФотографија: Marc Schüler/IMAGO

Спротивно на тоа, претседателката на сојузната конференција на министри за образование и култура, Кристине Штрајхерт-Кливот (СПД), се залага за посеопфатна подготовка на учениците за можни кризи. „Пандемија, војни, природни катастрофи, климатски промени, далекусежни промени во општеството и економијата: децата и младите мора да бидат подобро подготвени за иднината“, вели таа, нагласувајќи дека училиштата можат да дадат голем придонес за ова. Можат да помогнат и контактите со организации за цивилна заштита, како што е Организацијата за техничка помош, пожарникари или организации за итна помош, што многу училишта веќе го практикуваат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми