1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Затајување данок: Хантер Бајден се изјасни за виновен

СН/агенции
6 септември 2024

Синот на американскиот претседател Џо Бајден се изјасни за виновен во случајот за затајување данок. Со тоа, тој сака да спречи ново судење. Тој во јуни веќе беше осуден за прекршување на законот за оружје.

Хантер Бајден се изјасни за виновен пред судот во Лос Анџелес во четвртокот
Хантер Бајден се изјасни за виновен пред судот во Лос Анџелес во четвртокотФотографија: Julio Cortez/AP Photo/picture alliance

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, во четвртокот (5 септември, 2024) се изјасни за виновен за затајување данок, што е изненадувачки потег со цел да избегне потенцијално непријатно судење неколку недели пред претседателските избори во САД.

На Бајден во четврток требаше да му се суди пред федералниот суд во Лос Анџелес под обвинение дека не платил 1,4 милиони долари данок додека трошел на дрога, сексуални услуги и луксузни предмети.

На почетокот на рочиштето тој се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението.

Судијата Марк Скарси му кажа на Бајден дека се соочува со затворска казна до 17 години и парична казна до 450.000 долари. Изрекувањето на пресудата е на 16 декември.

Обвинетите кои ја признаваат вината во кривичните случаи обично склучуваат договори со обвинителите однапред, надевајќи се дека ќе добијат помала казна во замена за избегнување на судење. Се чини дека тоа не е случај овде.

Претседателот на САД, Џо Бајден во прегратка со неговиот син Хантер Бајден во јуни 2024Фотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance

Хантер Бајден рече дека се изјаснил за виновен за да го поштеди своето семејство од судење кое ќе открие засрамувачки детали од периодот од неговиот живот кога бил зависник од дрога.

„Со оглед на сè што сум им направил низ годините, можам да ги поштедам од ова“, рече тој. Тој додаде дека го платил данокот.

Хантер Бајден, кој јавно зборуваше за неговата борба со зависноста од дрога и од алкохол, е обвинет за затајување данок од 2016 до 2019 година додека трошел огромни суми „на дрога, придружба и девојки, луксузни хотели и имоти за изнајмување, егзотични автомобили, облека и други предмети од лична природа“, се наведува во обвинението.

Белата куќа соопшти дека претседателот Бајден ја отфрлил можноста да го помилува својот син.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми