1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаУнгарија

ЕУ бара одговор од Орбан: Шпионажа за Русија?

ЖА / агенции
23 март 2026

ЕУ бара од Унгарија итни појаснувања по објавите дека Министерството за надворешни работи тајно предавало доверливи информации на Русија од затворени состаноци на ЕУ.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто
Извори велат дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто наводно редовно телефонирал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за да го информира за содржината на затворените разговори во ЕУФотографија: Yves Herman/REUTERS

Сериозни обвинувања против Унгарија: Европската комисија изрази сериозна загриженост по медиумските информации дека Унгарија со години ѝ доставувала доверливи податоци на  Русија, добиени од затворени состаноци на  Европската унија. Портпаролка на претседателката на  Европската комисија,  Урсула фон дер Лајен, во понеделник го оцени случајот како „крајно вознемирувачки“, нагласувајќи дека постои сомнеж дека унгарскиот министер за надворешни работи му откривал доверливи министерски консултации на својот руски колега.

„Односот на доверба меѓу земјите-членки  и меѓу нив и институциите на ЕУ е од суштинско значење за функционирањето на Унијата“, изјави портпаролката. „Затоа очекуваме јасно и недвосмислено појаснување од унгарската влада.“

Извештај: Телефонски разговори со Лавров во паузи од состаноците

Американскиот весник „Вашингтон пост", повикувајќи се на поранешен припадник на унгарската разузнавачка служба и безбедносни извори од други европски земји, објави дека кабинетот на премиерот Виктор Орбан  со години пренесувал информации за чувствителни дискусии во рамките на ЕУ директно до Москва.

Според истите извори, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто наводно редовно разговарал телефонски со рускиот министер за надворешни работи  Сергеј Лавров —  дури и за време на паузите на министерските состаноци на ЕУ — за да го информира за содржината на затворените разговори.

Унгарија реагира: „Тежок напад врз нашата држава“

Унгарската влада, наместо да ги демантира објавите, го насочи вниманието кон тоа дека информациите може да биле добиени преку прислушување на Сијарто. Премиерот Орбан го осуди прислушувањето како „тежок напад врз Унгарија“ и објави дека наредил Министерството за правда да ја испита целата документација поврзана со наводните активности на разузнавачките служби.

На својот профил на Фејсбук, Орбан порача дека ваквите акции претставуваат „директен напад врз уставниот поредок и безбедноста на унгарската држава“.

Унгарскиот опозициски лидер и главен кандидат на парламентарните избори закажани за април, Петер Маѓар, ги осуди извештаите како „велепредавство“. Според моменталните информации, Сијарто „соработува со Русите и ги предава унгарските и европските интереси“, напиша тој на Фејсбук. Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека извештаите „не треба да изненадат никого“. Полската влада „долго време се сомневаше во ова“. Затоа, тој зборува на самитите на ЕУ само „кога е апсолутно неопходно“ и вели „само колку што е потребно“, објасни Туск. Неговиот министер за надворешни работи, исто така на X, му се обрати директно на Сијарто: „Тоа би објаснило многу, Петер“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми