1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од 1 јули поевтина струја за помалите потрошувачи

ДТЗ
27 јуни 2023

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вели дека се намалува и цената за мрежарина, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките.

Марко Бислимоски, РКЕ
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски најавува помала мрежарината и дополнително намалување на сметките од декемвриФотографија: DW/K. Delimitov

Од 1 јули на сила стапуваат нови цени за електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика најавува пониски цени на струјата за помалите потрошувачи,додека останатите блокови кои трошат највеќе ќе плаќаат поскапа струја. 

„Вкупната цена со вкалкулирана енергија и мрежарина во првиот блок се намалува за 7,04 %, во вториот блок има намалување од 4,09%, додека во третиот блок има зголемување од 2,54%  и во четврт блок цената ќе се зголеми за 2,42%. Цените во евтината тарифа остануваат речиси идентични“, изјави на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Како ќе влијае зголемувањето на ДДВ? 

РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Со вклучено ДДВ, намалувањето на цената на фактурата за потрошената струја во првиот блок ќе биде 0,28 проценти, во вториот блок ќе има зголемување од 2,88 проценти, во третиот блок од 9,99, и во четвртиот 9,87 проценти зголемување. 

 Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките.

Првиот човек на РКЕ вели дека се обиделе да го ублажат зголемувањето на ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти. 

„ДДВ-то влијае над седум проценти на цената. Кај едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка, намалувањето на струјата без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти“, вели Бислимоски. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми