1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трипати неделно летови од Скопје за Штутгарт

ДТЗ
25 октомври 2024

Од аеродромите во Скопје и во Охрид ќе се лета до шест нови авионски дестинации идната година - Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, Базел и Истанбул, најави министерот Александар Николоски.

скопски аеродром
Од идната година трипати неделно од Скопје за ШтутгартФотографија: Petr Stojanovski

Од аеродромите во Скопје и во Охрид од идната година ќе се лета до шест нови дестинации - Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, Базел и Истанбул. 

Четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје (од 30 март), исто како и Скопје-Барселона-Скопје (од 30 јуни), додека, по три пати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје (од 30 јуни) и Скопје-Штутгарт-Скопје.

На охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид која ќе лета два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид (од 30 март) која ќе лета четири пати неделно, информираше министерот за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција во Владата. 

Со авионската компанија „Визер“ ќе се лета за Штутгарт, Базел, Барселона и Лион, со „Флај Дубаи“ за Дубаи и со „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул.

Субвенции за патници

Државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром. Тој рече дека се очекуваат 200. 000 патници плус со новите линии. Николовски очекува за три години субвенциите да достигнат околу пет милиони евра, или по 1,5 милион евра по сезона. 

Mинистерот за транспорт, Александар НиколоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Директно поврзување со Дубаи, Барселона Штутгард, Лион, Базел и Истанбул се прекрасна вест која ќе донесе бројни нови туристи и полесно патување за македонските граѓани, рече министерот.

Во тек е процес на подготовка на втор повик кој треба да се објави кон крајот на ноември и да донесе нови дестинации.

Во моментот, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридски аеродром.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми