1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од обновливи извори обезбедена струја за 65.700 домаќинства

ДТЗ
11 јануари 2023

Лани се издадени 267 лиценци за прозводство на струја од обновливи извори. Се размислува за нови измени со кои секој што ќе постави фотоволтаици ќе мора да инсталира батерија за акумулирање на производството на струја

фотоволтаици
Од обновливи извори обезбедена струја за 65.700 домаќинства Фотографија: Privat

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во 2022 година има издадено 267 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 152,2 мегавати. Од нив 106,5 мегавати се фотонапонски електроцентрали, 36 мегавати ветерни електроцентрали, 7,2 мегавати мали хидроцентрали и 2,5 мегавати термоелектроцентрали на биогас. Во споредба со 2021 година вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија од обновливи извори е зголемен за седум отсто.

„Инсталираниот капацитет на овие електрани од ОИЕ кога ќе се собере одговара на инсталираниот капацитет што го имаат ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Света Петка и ветерниот парк Богданци“, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. 

Со произведената електрична енергија од новоизградените електрани од обновливи извори може да се снабдат 65.700 домаќинства или сите домаќинства од Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Свети Николе.

Рекордна година

Минатата година е рекордна во однос на поставувањето фотоволтаици и во производството на струја од другите алтернативни извори на енергија. Тој тренд се очекува да продолжи и годинава. Бислимоски вели дека Северна Македонија е најнапред во регионот во областа на енергетската транзиција. „Во новата 2023 година веќе имам добиено нови 13 барања за поставување на фотоволтаици, со што продолжува трендот и верувам дека ќе имаме нови 250 до 300 мегавати од ОИЕ. Тоа ја зголемува енергетската независност на државата“, рече Бислимоски.

РКЕ годинава ќе се фокусира на носење на подзаконска регулатива за поставување на батерии со цел произведената електрична енергија од обновливи извориФотографија: DW/K. Delimitov

Обврска за поставување батерии

Според најавите, РКЕ годинава ќе се фокусира на носење на подзаконска регулатива за поставување на батерии со цел произведената електрична енергија од обновливи извори, пред се од фотоволтаиците, да може да се користи и во другите периоди од денот, а не само додека се произведува.

Идејата е секој што ќе постави фотоволтаици да има обврска да постави батерии со инсталиран капацитет, кој ќе може да акумулира 10 до 20 отсто од вкупното производство на електрична енергија. „Тоа ќе ја зголеми инвестицијата за 20 до 30 отсто, но Европската комисија нуди сериозни субвенции за батерии и верувам дека ќе важат и за нашата земја со што нема значајно да се зголеми инвестицијата“, вели Бислимоски.

Поставувањето на батерии, според него, иако првично изгледа како трошок може да биде и позитивно за спречување на дебалансите и овозможување на израмнување на дијаграмот за производство со што трошокот за обврската за балансирање на системот во целост нема да оди кај ЕСМ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми