1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаЕвропа

Југот на Европа „зоврива“

СН/агенции
13 јули 2023

На луѓето на југот на Европа им претстои екстремно топол викенд. На многу места се очекува температурите да надминат 40 Целзуисови степени. Ќе биде ли надминат рекордот од 48,8 степени?

Ектремни горештини во Италија: Човек во Неапол, Италија се прска себеси со вода од црево, во обид да се разлади
Ектремни горештини во Италија: Човек во Неапол, Италија се прска себеси со вода од црево, во обид да се разладиФотографија: Ciro De Luca/REUTERS

Топлотен бран зафати делови од јужна Европа, а се прогнозира дека во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури и екстремни горештини, кои го загрозуваат и здравјето и животот на луѓето. 
Се очекува температурите да надминат 40 Целзиусови степени во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска, Турција, но и Северна Македонија. Според Европската вселенска агенција ЕСА на викендот би можеле да бидат достигнати највисоките температури, кои некогаш биле измерени во Европа. ЕСА прогнозира температури од околу 48 Целзиусови степени на италијанскиот остров Сицилија. 

Токму на Сицилија, поточно во близина на градот Сиракуза е регистрирана и досега највисоката температура во Европа од 48,8 степени и тоа во август 2021 година.

И во цела Италија температурите би можеле да достигнат до и преку 40 степени, а црвено предупредување е издадено за 10 градови, меѓу кои се Фиренца и Рим.

Топлотниот бран „Кербер“, именуван од Италијанското метеоролошко друштво по троглавото чудовиште на грчката митологија опишано и во Пеколот на Данте, се прогнозира дека ќе предизвика екстремни услови во текот на наредните неколку дена. Температури над 40 степени наредниот викенд се очекуваат во Грција, Кипар и во западните делови од Турција, а во Атина уште утре температурата ќе надмине 41 степен.

Уште едно скопско изгор лето

03:52

This browser does not support the video element.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица од горештините во минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи летово.
Топлотен бран е период во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината. Експертите велат дека периодите на екстремно топло време се сѐ почести и оти поради климатските промени рекордните температури се нормални.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми